Лукот е зачинска билка сродна на кромидот, празот, која може да се купи како главица, во прав или како екстракт.
Лукот потекнува од Централна Азија и првиот запис за одгледување на оваа исклучително лековита билка доаѓа од древниот Египет и е стар повеќе од 5000 години.
МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Месото на кое претходно му е додаден лук во гранули, по печењето ќе има вкусна и крцкава кора. Сушените гранули од лук го задржуваат вкусот 100% ,не загоруваат толку лесно како свежиот лук и нема да имате проблем со интензивниот мирис на дланките кој знае да остане во текот на целиот ден. Лукот во гранули не смее да се изложува директно на сонце и влага бидејќи под нивното влијание се прави како леплива маса, која е тешко да се раздвои. Бидете внимателни да не ви загори лукот, бидејќи во тој случај тој ќе биде исклучително горчлив и може да ви го уништи целото јадење.
Публицитет.мк