Од нашата богата палета на производи за оваа недела како производ кој неизоставно треба да го консумирате го одбравме АЛПОЈО интегралниот ориз. Пробајте го рецептот за вкусно рижото со мешан зеленчук.
Зошто интегрален ориз?
Затоа што интегралниот ориз го содржи зрното ориз со лушпата и има многу повеќе влакна и витамини од белиот ориз.
Интегралниот ориз има 4 пати повеќе магнезиум и влакна отколку белиот ориз и скоро двојно повеќе селен. Содржи и 25% повеќе протеини од белиот ориз.
Состојки (за двајца возрасни и дете од 1 година):
- 1 чаша интегрален ориз Витана
- ½ тиквица
- 2 млади кромитчиња
- 2 моркови
- малку зелена зелка
- малку виолетова зелка
- магдонос
- спанаќ
- маслиново масло
- сол, црн бибер и лук
- 1 лажичка сенф.
Начин на подготовка:
Оризот се вари посебно во сад со повеќе вода, значи не се додава ништо освен вода. Се чека да зоврие, а после се намалува на тивко. Кога целосно ќе омекне се трга од оган и се става во цедалка за да се исцеди вишокот вода, а во меѓувреме се подготвува зеленчукот. Кога имате време оставате го и претходно да покисне во ладна вода и неколку пати се измива (поради фитинската киселина).
Сите зеленчуци се сечкаат на коцки и се ставаат во тава со капак што не лепи со многу малку масло. Бидејќи тавата е покриена тие практично се готват од водата која ја пуштаат. Кога ќе омекнат, се додава претходно исцедениот ориз, зачините и на крај сенфот. Мешате се заедно и ручекот е готов!
Лесно, нутритивно и вкусно!
Може да се комбинира со свежа салата од марула и ротквица.
Публицитет.мк