• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Убавина и здравје

АЛПОЈО Охрид: Сусамот нека биде дел од Вашата исхрана

декември 17, 2024
in Убавина и здравје

Сусамот е омилена намирница на ориенталните и северноафриканските народи, а за неговото лековито дејство против ќелавост, првут, забоболка, зуење во ушите, ишијас… знаат многумина. Во секојдневната исхрана корисатете го сусамот со заштитниот знак АЛПОЈО. Побарајте го во целата трговска мрежа. 

Сусамот денес најмногу се одгледува во Кина, Индија и Судан, а неговото семе содржи меѓу 45 и 60 отсто квалитетно масло. Семките се исклучително нутриционистички богати.

Семето на сусамот содржи најголема концентрација на фитостерол, состојка според хемиската структура како холестеролот.

Фитостеролите имаат моќ, доколку се доволно присутни во исхраната, да го редуцираат нивото на холестерол во крвта, да го подобрат имунитетот и намалат ризикот од појава на некои типови на карцином.

sRCg9LUSZgsusam

Сусамовото масло претставува добра превенција против создавање на тромб, односно згрутчување на крвта, но и против долготраен запек. Се препорачува и за отстранување на цревни паразити, чистење на цревата, како и за лекување на хемороиди.

Во народната медицина се користи и за санирање на повреди, акни, чиреви, изгореници.

Сусамот е исклучително богат со железо, па затоа е доволно да се внесе 50 грама од ова семе за да се задоволи дневната потреба на човекот со овој минерал. Освен железото, во големо количество е присутен и калциумот, манганот, бакарот, магнезиумот и селенот.

Од витамините посебно место зазема витаминот Е, кој е силен антиоксиданс што ги штити клетките од стареење, појава на тумор и срцеви болести.

susam

Истовремено, одличен извор е и на тиамин Б1, пиридоксин Б6, ниацин, фолна киселина и рибофлавин.

Сезаминот е уште една состојка, која е важна при заштита на црниот дроб од оксидативни оштетувања.

Истражувањата покажале дека сусамот е ефикасен и при воспаленија и болки кај ревматолошкиот артритис, како и при астматичните напади.

Иако е тежок за чувствителен стомак, сусамот сепак повремено треба да се конзумира, бидејќи е совршен чистач на органите за варење.

Публицитет.мк 

 

 

Посетеност: 321
Share
Previous Post

Луѓето ќе поверуваат во што било, само ако им шепнете на уво

Next Post

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на дефицитот на аполипопротеин C-II (APOC2)

Next Post

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на дефицитот на аполипопротеин C-II (APOC2)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 321

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk