Во студиото на Наум Долоски, Mecka Warrior Production во Охрид рап артисти Благој Шиковски – Багзи и Мечакаров заедно со Агуш Мемишов влегоа во студио и снимија малку различна песна од оние досегашните на кои навикнавме да ги слушаме и гледаме.
Песната е насловена „Што ми правиш ти?“. Текстот е на Благој Шикоски, а спотот е снимен во познатата населба Баиро во Битола.
Музичката приказна зборува за една искрена љубов која не е оптоварена од материјалното и етничката припадност, велат Багзи и Мечаров.
Инаку, ова е нивна шеста заедничка соработка и тие за брзо ветуваат уште еден летен хит.
Публицитет.мк