• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Бугарија победи на Евровизија 2026 со песната “Бангаранга”

мај 17, 2026
in Омнубус
Бугарија победи на Евровизија 2026 со песната “Бангаранга”

17.05.2026

Специјално од Виена:

Валентина Ѓоргиевска Парго 

Со денс песната „Бангаранга“ бугарската претставничка Дара победи на Евровизија 2026 во Виена. Ова беше навистина историски момент за Бугарија на Eurovision Song Contest 2026. 

Дара со „Бангаранга“ освои 516 поени, со настап што многу луѓе го почувствуваа како модерен, храбар и полн со балканска енергија. 

Интересно што Бугарија ја освои својата прва победа и победува земја што долго чекала ваков момент, особено на 70. издание на Евровизија во Виена и тоа ја прави победата уште посилна и посимболична.

Изјавата која ја добивме неколку часа пред победата од страна на член на бугарската делегација, гласи:

– Се викам Виктор Борисов, ја претставувам Бугарската национална телевизија на Песна за Евровизија. Во моментов ја слушате “Бангаранга”, моментот за кој цела Виена зборува. Тој е единствениот шлагер на годинешната Евровизија. Песната е дело на многу голема меѓународна екипа и навистина многу труд беше вложен, Бугарската национална телевизија ги вложи своите сили да се случи таа песна и секој момент букмејкерите даваат голема шанса и навистина надевам дека ќе успееме да победиме и да ја донесеме Евровизија на Балканот, вели Виктор Борисов.  

Песната има современ поп звук и етно-моменти, тоа често остава силен впечаток на евровизиската сцена. А, публиката очигледно силно реагираше, бидејќи Дара доби огромен телевоутинг, иако не беше спомнувана како една од најглавните фаворити. Понекогаш фаворитите имаат совршени песни, но не создаваат магија на сцената во тие три минути, а Бугарија создаде токму таков момент- настап што луѓето го паметат и по завршувањето.

Токму тоа е суштината на силен евровизиски настап – кога песната не е само песна, туку цело сценско дело. 

Евровизија е толку непредвидлива и прекрасна и се случува да победува оној што ќе ја спои музиката, визуелната приказна и енергијата во едно искуство, како овој пат.

А бугарските претставници годинава навистина изгледаа како модерен музички театар: динамика, драматургија, визуелен идентитет, кореографија и емоција во едно.

Победата на Бугарија беше изненадување за многумина, ги победи фаворитите Финска, Австралија, Израел и Грција, освојувајќи најмногу гласови од земјите учеснички, жирито и од публиката. 

Неколку часа пред почетокот на финалето, Дара и сценскиот тим од “Бангаранга” ја добија наградата “Марсел Безансон” во категоријата за најдобра уметничка изведба, која ја одредуваат коментаторите на земјите учеснички. Оваа награда, именувана по креаторот на натпреварот, Марсел Безансон, се доделуваат секоја година во три категории – медиумска награда, уметничка награда и награда за композиција.

– Самиот збор “Бангаранга”  доаѓа од јамајканскиот сленг и значи бунт, немир, прекрасен вид неред, објасни Дара.

Дара, чие вистинско име е Дарина Јотова, е една од најголемите млади поп-ѕвезди во Бугарија. Таа стекна поголема популарност како тинејџерка по учеството во бугарскиот „X Factor“, каде што заврши меѓу најдобрите на само 17 години. Со години гради успешна музичка кариера на Балканот, соработува со познати европски продуценти. Нејзини хитови се „Thunder“, „Call Me“ и „Mr Rover“, песни кои долго време доминираа на музичките листи. Се обиде и како ментор во шоуто The Voice of Bulgaria, каде што беше дел од жирито во 2021 и 2022 година. Својот последен албум го издаде во 2025 година,  зацврстувајќи ја својата позиција на музичката сцена. 

Во нејзина придружба на Евровизија годинава беше и Кристијан Костадинов  Костов кој во 2017 година го освои второто место.

Бугарија последен пат учествуваше во 2022 година во Торино и по пауза годинава повторно се врати на сцената.

Евровизијата оваа година навистина донесе многу емоции, сцена, уметност и моменти што ќе останат запаметени. Ретко чувство да се почувствува магијата преку сцената, режијата, камерата, атмосферата и реакцијата на арената.

Сето тоа изгледаше како патување во Космосот со вселенски брод, во што беа вложени максимални професионални капацитети од најдобрите тв шоу творци на светот, како и милионски суми.  

Спонзор на патувањето: “Спектра турс” Скопје, “Фудекс” Белград

Публицитет.мк

Посетеност: 341
Share
Previous Post

Вашите спомени од матура – ги очекуваме

Next Post

АКЦИЈА КОЈА НЕ СЕ ПРОПУШТА!

Next Post
АКЦИЈА КОЈА НЕ СЕ ПРОПУШТА!

АКЦИЈА КОЈА НЕ СЕ ПРОПУШТА!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 341

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk