Во Охрид, македонскиот духовен центар, радосната вест за Христовото воскреснување охриѓани и илјадници верници од земјава и странство ја слушнаа во сите парохиски цркви.
Како и секогаш најсвечена беше овде на Плаошник каде што се наоѓа возобновениот „Свети Климентов“ храм, каде што се одржа централната богослужба со која чиноначалствуваше епископот Велички Никола.
На ова свето место по кршењето на црвените јајца, верниците посакаа бог да им дарува здравје, радост и спокој.
„Овој празник како за сите охриѓани така и за мене е еден од најголемите христијански празници. Во мое име и во името на сите охриѓани многу среќа, здравје, бериќет, убавини и овој денешен празник да им даде само убавини на сите граѓани на нашата држава Република Македонија“, рече анкетиран.
„Веќе традиција ни стана. Три години веќе доаѓаме овде, здравје, среќа, љубов, тоа е најбитно“, изјави друг
„Сме гледале на телевизија дека е многу добро па дојдовме да видиме во живо. Знаеме дека вака ќе биде, ни е го славиме овој ден и затоа сакаме да дојдеме овде“, изјави друг.
„За прв пат сум овде за Велигден. Атмосферата е многу убава. Луѓето и опкружувањето се прекрасни и се е многу спокојно, тивко, духовно“.-туристка од Турција.
Денеска во охридските цркви се одржаа утрински богослужби, а туристите коишто допатуваа за велигденските празници имаа можност да уживаат во убавините на Охрид и прекрасните панорами коишто ги нуди езерото. Сепак посебно доживување за нив беа посетите на древните охридски цркви од каде што се шири духовноста и традициите на ова најголемо македонско светилиште.
Извор: www.mrt.com.mk
Сашо Нелоски
Публицитет.мк