• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Верувале или не – во Охрид се одржа средба на генерација ученици кои заедно учеле од I до IV одделение

август 10, 2025
in На минување
Верувале или не – во Охрид се одржа средба на генерација ученици кои заедно учеле од I до IV одделение

Река од спомени, многу насмевки и некоја притаена солза, ама радосница може да се забележи и на фотографиите,  дека по толку години повторно се најголемиот дел од нив заедно.

Синоќа во  пица – ресторанoт DI ANGOLO  во срцето на Охрид се собраа некогашните ученици од I-1 од ОУ „Христо Узунов“ кои во прво одделение  стапнаа учебната 1980/81 година а нивна учителка и истовремено втора мајка им беше Мирјана Трајкоска.

Идејата дошла сосема спонтано. Еден нивни соученик долго размислувал за можна заедничка средба на сите од прво. Преку социјалните мрежи тој формирал група и преку лични контакти еден на друг трагале по своите соученици.

И кога се собрала критична маса од луѓе закажале средба во Охрид. За жал неколкумина поради работните обврски во странство не беа во можност да присуствуваат на генерациската средба ама преку видео повици си разменија честитки и поздрави. Дел од нив поради болест и покрај големата желба мораа да останат дома.

Букети со најубави цвеќиња и прекрасни зборови беа упатени до нивната учителка Мирјана, која беше  пресреќна и ги израдува сите со своето присуство и со љубов одново ги прегрна како свои деца. Им одржа нова куса лекција за животот со порака секогаш да се силни и да се борат за вистината и да бидат хумани и чесни.

И учениците и’ возвратија со љубов и текст од кој зрачи бескрајна почит за научените први букви и бројки а најмногу за воспитанието кое од нив направи луѓе , чесни, вредни и почитувани.

Дружбата траеше долго во ноќта, се редеа анегдоти и шеги од училишните клупи а сите заминаа со ветувањето дека в година пак ќе се соберат со желба да се побројни, здрави и живи.

Публицитет.мк

Посетеност: 640
Share
Previous Post

Butik Emilly: За секој маж да се чувствува комотно и елегантно

Next Post

Насте Толески oд Пештани – рибар на две езера

Next Post
Насте Толески oд Пештани  – рибар на две езера

Насте Толески oд Пештани - рибар на две езера

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 640

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk