Вечерва од 21 часот под ѕвезденото небо и во волшебниот амбиент на Античкиот театар во Охрид, следува ексклузивен концерт со симфониски оркестар, кој ќе ги спои традицијата и елеганцијата во едно незаборавно музичко доживување.
Ќе ги слушнеме омилените хитови како: ,,Ангели ме носат”, ,,Ме полудуваш”, ,,1762 лето” и многу други што оставија белег на македонската музичка сцена.
Претстојниот концерт на популарното музичко дуо “Силви бенд” на Антички театар, кој претставува најголем концерт во нивната досегашна кариера.
Со овој музички настан тие ќе прослават 35 години активно музицирање, создавање хитови, евергрини и антологиски песни и чекорење по ѕвездени патеки на забавната музика.
Со еден богат спектар од изведби, концерти, мјузикли, “Силви бенд”, алијас Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш, континуирано ја слават и промовираат македонската, ромската, српската песна и песната од светските сцени.
Нивната креативност, посветеност, врвност, а секако и меѓусебна љубов и почитување, одамна се препознаени и уважени кај пошироката публика.
Очекувајте вечер исполнета со емоции, носталгија и чиста магија. Бидете со СИЛВИ БЕНД .
Публицитете.мк