Винсент Баталија е од Чикаго САД, по професија е софтверски инженер, но како што изјави за СБС на македонски во Македонија го привлекла љубовта кон луѓето, јазикот и музиката.
На нашиот известувач Милчо Јованоски во Охрид на 59 . издание на Семинарот за македонски јазик, литература и култура му кажа дека животот во Македонија нему му годи и дека тука темпото е многу побавно отколку во САД. Винсент вели лесно ја научил азбуката и да чита , но дека во македонскиот јазик го мачи особено употребата на минатото време. Тој е поборник на тезата дека ако го научите македонскиот лесно ќе ви биде да ги разбирате и останатите словенски јазици.
Публицитет.мк








