• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Влада Урошевиќ, добитникот на „Роман на годината“ за 2022. гостуваше на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

август 23, 2023
in Омнубус
Влада Урошевиќ, добитникот на „Роман на годината“ за 2022. гостуваше на  56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Во рамките на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ), денес во Охрид се одржа разговор со писателот, академик Влада Урошевиќ по повод наградата „Роман на годината“ за 2022. која за неговиот роман  „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ му ја додели Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Романот е во издание на „Арс Ламина“, а  разговорот со Влада Урошевиќ за слушателите од напреднатите рамништа на Летната школата го водеше новинарката Катерина Богоева, членка на Фондацијата. 

Семинаристите покажаа голем интерес за разговорот со Урошевиќ и за неговиот најнов роман. Покрај прашања за романот и воопшто за неговите прозни дела, се отворија и прашања за поезијата и за неговиот истражувачки порив. Меѓу другото, Урошевиќ со семинаристите сподели и свои сеќавања од Струшките вечери на поезијата, навраќајќи се кон нивните почетоци, токму во годината кога е добитник на Златниот венец.

Со одржаниот разговор со Влада Урошевиќ, МСМЈЛК при УКИМ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ја продолжуваат традицијата на претставување на лауреатите на престижната награда за роман напишан на македонски јазик и пред учесниците на Школата.

Некогашниот „Утрински весник“ кој ја востанови и ја доделуваше наградата „Роман на годината“  во текот на целото свое постоење (1999 -2017), гостуваше со неколку од досегашните 24 лауреати и на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ. Фондацијата „Славко Јаневски“ продолжи со доделување на истата награда почнувајќи од 2017 година. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 185
Share
Previous Post

СДСМ Охрид: ДПМНЕ, дали столбовите на оградата од охридската гимназија изобилуваат со стиропор!?

Next Post

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“

Next Post

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 185

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk