Вечерва на сцената на Долни Сарај со фолк вечерта започнува 31. Издание на познатиот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“ 2024.
Утревечер во рамките на Интернационалната вечер ќе настапат локално и регионално познатите Владо Броз и ДЏ Марама.
Ден пред настапот кој со нетрпение го очекуваат тие и нивните обожаватели Публицитет.мк ги контактираше а тие одговорија во нивни стил:
-Долгогодишното другарство го преточивме и во соработка на музички план , се’ со една цел: охриѓанки и охриѓани да ги направиме среќни. По ова следуваше наш регионален успех. На наше големо задоволство формулата засега функционира повеќе од успешно. Секако тоа не’ прави пресреќни обајцата.
Покрај клупските забави и ред други настапи од нашето позитивно дружење ’ се роди’ песната „Галеб охридски“. Заслугата за неа ја има маестро Јовица Каралиевски. Во тек е изработката и на спот за песната.

Во меѓувреме стигна до нас уште една поинтересна понуда, односно соработка и учество на престижниот „Охрид фест“ со композицијата „На тебе сум осуден“. Тимот е истиот непроменет.
Благодарни сме најмногу на охриѓани без кои нашата музичка приказна немаше да биде ваква, каква што е. Публицитет.мк ви благодариме и вам за поддршката. Се гледаме утре – сабота ние на сцената а вие во публиката на Долни Сарај,рекоа Владо Броз и ДЦ Марама.
Им посакуваме среќа и би било убаво да ’соберат ‘ и некоја награда.
Потсетуваме, влезот на двете фестивалски вечери е слободен за сите.
Публицитет.мк