• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 4, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Владо Калембер, и питач и крал во новата песна што ја потпишуваат Копров, Драгиќ и Дојчиновски

јули 3, 2024
in На минување
Владо Калембер, и питач и крал во новата песна што ја потпишуваат Копров, Драгиќ и Дојчиновски


Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Кога ќе ја слушнете „У љубави смо краљеви и просјаци“, новата песна на Владо Калембер што ја потпишуваат: Григор Копров (музика), Саша Драгиќ (текст), Владимир Дојчиновски (аранжман), ќе останете без здив.

Па и да имавте и најмала љубовна рана, ќе зацелите бидејќи зборовите се моќни, а го опишуваат човекот што донел одлука и со целиот животен багаж и сознание дека љубовта, иако премиса и прапочеток на секој живот, сепак може да престане. Драгиќ вели дека се инспирирал од музиката, и веројатно во тоа е тајната на претопувањето на зборовите и музиката. И не е само тоа моќта на овааа композиција, миленикот на женската публика, Владо, овој пат е во сосема ново светло: фантастично ја донесува емоцијата, искуството и животот направија созреаните чувствата во кои и тој се пронаоѓа, да звучат прекрасно.

Всушност, оваа авторска тројка, за првпат споена во една песна, го даде новото светло во начинот на пеењето на Калембер. Песната ја очекува и спот а наскоро ќе ја чуете и на македонски јазик: Владо е роден во Струмица и многу ја сака нашата земја. Инаку, Копров веќе има напишано една песна за Калембер – „Добра ноќ заљубени“ за „Макфест 1988“ и одтогаш трае нивното пријателство што еве резултира и во професионална спработка. Песната од денес го почнува својот музички живот, ќе се слушне на просторот на екс- Ју, од Вардар до Триглав, секој на свој начин да потврди дека во љубовта е и питач и крал.

Публицитет.мк

Посетеност: 252
Share
Previous Post

Охриѓанката Елеонора Лабоска –  Beauty Studio Nora ја доби престижната награда „Најуспешни дами и брендови 2024“ во Белград.

Next Post

Здружението „Титоисти“ од Охрид го честита 4 Јули некогашниот Ден на борецот

Next Post
Здружението „Титоисти“ од Охрид го честита 4 Јули некогашниот Ден на борецот

Здружението „Титоисти“ од Охрид го честита 4 Јули некогашниот Ден на борецот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 252

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk