Хемохроматоза претставува акумулација на железото во организмот.
Болеста настанува поради пореметување на метаболизмот на железото и негово изразено акумулирање во телото. Железото се собира и останува во големи количини во внатрешните органи и ткивата, што предизвикува штета во организмот. Вишокот на овој микроелемент може да придонесе до појава на пропратни сериозни болести.
Органи кои се најчесто погодени од хемохроматозата се: црниот дроб, срцето, и ендокрините жлезди.