• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Во КИЦ изложба „Повисоко од себеси“ од Тони Шулајковски

октомври 19, 2023
in Култура
Во КИЦ изложба „Повисоко од себеси“ од Тони Шулајковски

Вечерва  (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, ќе биде отворена изложбата „Повисоко од себеси“ на академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски.

… „Најновата изложба на Тони Шулајковски насловена „Повисоко од себеси“, уште преку самиот наслов, суптилно нè воведува или, поточно, нè упатува во комплексен свет во кој насоката на неговото тридецениско спознание на ликовноста константно се движи кон повисоките духовни сфери.“… ќе напише Маја Чанкуловска-Михајловска во предговорот на каталогот за изложбата.

Ќе бидат поставени 25 дела-портрети на жени… „овие монументални портрети, претставени во крупен план, не ја базираат својата егзистенција само врз синонимот за  идеалната восхитувачка женска убавина, туку истите, во сопствената реалност, произлезена од класичните естетски уметнички канони, се воедно сместени во имагинарни метафизички пространства… Всушност, поетичноста и лирскиот набој со кој се обземени ликовите, просторот и севкупно, атмосферата во неговите дела, го позиционира авторот повеќе на прагот на чудесното.“…вели Маја Чанкуловска-Михајловска-историчарка на уметноста од Националната галерија „Чифте амам“ во Скопје.

Посетителите ќе може да ја посетат изложбата до 5.11.2023 година.

м-р Тони Шулајковски – академски сликар и ликовен педагог

 

Роден е 1969 година во Скопје

*Дипломирал на факултетот за Ликовни уметности – Скопје, Педагошки оддел

насока сликарство во класата на проф. Ана Темкова во 1992 година.

*Член е на ДЛУМ од 1993 година.

*Од учебна 1996/1997 година до денес работи како ликовен педагог во матичното училиште ООУ „Петар Поп Арсов“, од 2001-2021 и во ООУ „Аврам Писевски“, а од 2021 во ООУ „Војдан Чернодрински“.

*Постдипломски студии – насока сликарскто завршил на ФЛУ во класата на

проф. Родољуб Анастасов во 2002 година

*Од 2005 работи со талентирани деца во приватното ликовно студио „Арс вивенди“ што го основа со Дијана Петкова – проект менаџерка.

 

Реализирал 55 самостојни, а учествувал на стотина групни изложби.

 

Награди:

* 2016 – Награда за сликарство – ДЛУМ

* 2013 – Награда – „Сликар на годината 2012“ Остен – Светска галерија на цртеж

* 2008 – Награда за сликарство – мал формат „Константин Мазев – Коце“

* 1992 – Награда за најдобар студент на педагошкиот оддел на ФЛУ – Скопје

 

Ликовен перформанс:

2013 – „ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА“ – Градски парк – Скопје

2010 –  „Трансцеденција“ – Културно лето – општина Карпош

         Дијана Петкова -проект менаџерка

Публицитет.мк                                                                       

Посетеност: 158
Share
Previous Post

Костадиновска-Стојчевска на седница на Национална комисија на УНЕСКО: За да постигнеме успех, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските

Next Post

Оваа 2023 година ќе биде рекордна по приохдите од туризмот, ќе оствариме 520 милиони долари

Next Post
Оваа 2023 година ќе биде рекордна по приохдите од туризмот, ќе оствариме 520 милиони долари

Оваа 2023 година ќе биде рекордна по приохдите од туризмот, ќе оствариме 520 милиони долари

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 158

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk