Охридското крило на Македонската квиз асоцијација. соопштува дека во недела (12 мај) во просториите на Касарна хаб во Охрид ќе биде одржан четвртиот Мастерс квиз за оваа сезона.
Откако Охрид минатата година се покажа како одличен домаќин, гостите од другите градови повторно посакаа да дојдат тука и заеднички да се дружиме. Оваа година локацијата е друга (минатата година беше на УИНТ Св. Апостол Павле), но желбата на натпреварувачите да се дружат и да го проверат своето знаење е повторно тука.
Автор на прашањата е Мартин Мајк Петрески, а квизот се состои од осум теми – култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Секоја од осумте теми е застапена со по 25 прашања, односно вкупно 200 прашања поделени во два дела од по 100 прашања. Секој од двата дела се состои од по четири од горенаведените теми, а времето за решавање за секој од деловите е еден час, односно вкупното време за решавање на целиот квиз е два часа.
За учество на Мастерсот потребно е да се пријавите преку нашата фејсбук страница или со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/mM7KyM6TnLK9W8KS7
Котизацијата за овој квиз изнесува 150 денари и истата можете да ја уплатите за време на одржување на Мастерсот. Учесниците со платена сезонска котизација се ослободени од плаќање.
За повеќе прашања во врска со квизот, можете да нѐ контактирате на нашата фејсбук страница или на мејлот на МКА: mka.mkd21@gmail.com
Публицитет.мк








