На Осмата регионална конференција која се одржа во почетокот на Мај 2025 година во Охрид насловена “Светот на образованието ги брише границите” учествуваа 230 просветни работници од регионот.
Од преку 70 кандидатури за Признанието “Best Teacher”, само 10 од сите републики го добија ова престижно признание значајно за учителската фела.

Признанието за “Best Teacher” од Македонија, најдобар во својата област, Асоцијацијата го додели на четворица просветни работници:
-Катерина Митковска, педагог од Ученички дом при СМУГС” Д-р. Панче Караѓозов”. Катерина е и претседател на Здружението на просветни работници на Град Скопје;

-Наташа Тодоровска, одделенски наставник од ООУ “Ѓорѓи Сугарев” од Битола, која е и претседател на Здружението на одделенски наставници на Македонија – ЗОН учител;
-Анкица Спасова, предметен наставник во ООУ “Тихомир Милошевски” од Ѓорче Петров – Скопје;

-Милица Патраклиева, предметен наставник во ООУ “Лазо Трповски” од Карпош – Скопје.
Овие просветни работници се автори на трудови, книги, учебници, ментори, обучувачи, добитници на многубројни награди и признанија како најдобри на Град Скопје, Македонија, а сега и на регионот на поранешните југословенски републики.

Асоцијацијата на најдобри наставници и лидери на регионот е најголема организација која ги опфаќа просветните работници од републиките од поранешна Југославија.
Публицитет.мк