• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Во Охрид свечено одбележан Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст

март 16, 2024
in На минување
Во Охрид свечено одбележан Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст

По повод 17 Март, Денот на крводарителството и Денот на формирањето на Црвениот крст на РСМ, во просториите на Црвен крст Охрид, вчера, се одржа пригодна свеченост, на која им беа доделени јубилејни признанија на најзаслужните крводарители за 5, 10, 25, 50, 75 и 100 дарувања од Општина Охрид и Дебрца. Исто така, признанија им беа доделени и на поединци, фирми и институции кои придонеле за развој и унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца.

Плакета за 100 крводарувања доби охриѓанецот Борис Стојаноски кој им порача на младите активно да се вклучат во хуманото семејство на крводарители, посочувајќи дека чинот на дарување крв е голем и хуман и дека со дарување на скапоцената течност помагаме во спасување на човечки животи.

boris

Плакети за 75 крводарувања им се доделија на Милчо Бујароски, Владимир Каневчев, Тони Јованоски, Спире Топалоски, Мате Матески, а плакети за 50 крводарувања на Ристо Јованоски, Петар Кочоски, Тони Симоноски, Оливер Маркоски, Борис Арнаудов, Зоран Достиноски, Јорданчо Ивановски.

milco copy

Признанијата – Плакети на Црвен крст Охрид за развој, унапредување и омасовување на крводарителството им се доделија на следните институции и граѓани: ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” Охрид, МПЦ ОА – Дебарско-кичевска епархија, Костал Македонија, Ирена Ралева Најдевска, Жанко Голабоски.

publika ck

Претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков, истакна дека крводарителството во Македонија е во подем и дека 2023 година може да се оцени како успешна година за крводарителството во Охрид. Според него, радува фактот што бројот на првократни дарители се зголемил за околу 30%. Тој ѝ се заблагодари на сè поголемата армија на хумани луѓе кои несебично продолжуваат да спасуваат животи дарувајќи крв.

431510113 817013230465480 6529985760072601229 n

Црвен крст Охрид континуирано и посветено работи на промовирање и на унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца.
➡️Како резултат на посветеноста на активистите на Црвен крст Охрид и на службите за трансфузиона медицина и благодарение на крводарителите и на сите поединци, фирми, институции кои на било кој начин придонесле кон развој и унапредување на крводарителството, во изминатата 2023 година се реализираа 18 крводарителски акции на коишто се даруваа 1507 крвни единици и, така, се задоволија потребите за крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи. 

431198155 817012893798847 490815494826723122 n

Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца.

Меѓу добитниците на Благодарница е и нашиот веб портал Публицитет.мк 

Публицитет.мк 

Посетеност: 273
Share
Previous Post

Ковачевски: Надеж за светла иднина со СДСМ или безнадежност со ДПМНЕ, тоа е изборот

Next Post

Секој некому му должи извинување или благодарност

Next Post
Секој некому му должи извинување или благодарност

Секој некому му должи извинување или благодарност

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 273

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk