• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 24, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Во сабота ќе започне новото издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца 2024“

јуни 17, 2024
in Култура
Во сабота ќе започне новото издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца 2024“

Во сабота, на 22 јуни, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 20.00 часот, свечено ќе биде отворена 39-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “.


Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на делата и авторите на уметниците кои твореа во текот на изминатата колонија. Свеченоста, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година, и истата е реновирана изминатата година со што се створени подобри услови за работа.

На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат 11 ликовни уметници и тоа : Маестро Јордан Манасиески – Охрид, Лара Ташковска – Скопје, Андреј Антевски – Куманово, Славица Танеска – Охрид, Емел Махмуд – Охрид, Странски автори
:Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли ( монголскиот конзул), Јованка Беквалац – Србија, Нада Грбиќ – Србија, Мирослав Мича Круниќ – Србија, Славка Ната Радуловиќ – Црна Гора и Драгољуб Пејовиќ – Црна Гора.
Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што завршува на 30 ти овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско
културно наследство.
Оваа културна лулка на децениско предание е подржана од визионерски тим кој се состои од реномирани уметници, поддржувачи на уметноста и страсни креативци кои се залагаат за издигнување на веќе отпочнатато дело.

Претходната година беше малку поразлична, бидејќи недостасуваше еден креативист, професор, кој со огромна верба го преточуваше во производ секое свое мечтаење и ја ширеше со ентузијазам уметничката традиција на својот роден крај, Ѓорѓија Целески. Но неговиот 38 годишен труд остана да го негува член на неговото семејство, неговата внука, архитект Мартина Целеска, претседател на здружението, додека за председател на Управниот одбор на здружението го назначи Павел Попоски.

Публицитет.мк

Посетеност: 220
Share
Previous Post

Фантазиите минуваат на филм ама не и во стварноста

Next Post

Големи имиња на „Охрид фест 2024“

Next Post
Големи имиња на „Охрид фест 2024“

Големи имиња на „Охрид фест 2024“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 220

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk