Охриѓани на гостувањето кај традиционално незгодниот противник слободно можеме да кажеме го одиграа најслабото второ полувреме.
Ако во првиот дел од натпреварот охриѓани изиграа мошне добро, полувреме во кое спрема создадените шанси можеа и да постигнат водство, во второто полувреме како да видовме сосема нова екипа на теренот.
Имено во вторите 45 минути охридската екипа не успеа да направи буквално ама баш ништо, и како да чекаа домаќините што побргу да постигнат гол за да им ,,олесне”,но после примениот прв гол домашните ја искористија безидејната игра на охриѓани и постигнаа уште два гола за висока и заслужена победа од 3-0.
Со ваква неорганизирана игра, каква што охриѓани ја прикажаа особено во второто полувреме, можеме да речеме дека со таква игра не се бранат боите за својот клуб.
И.Арсеноски
Охрид Спорт
Публицитет.мк