• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Во Црвена Вода одбележана 80 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОБ и ПОМ

октомври 3, 2023
in Тикер
Во Црвена Вода одбележана 80 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОБ и ПОМ

Денес, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, во село Црвена Вода ја одбележаа 80 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОБ и ПОМ и други значајни настани од НОБ и Револуцијата во 1943 година, со полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор.

За време на шестомесечниот престој на највисокото воено-политичко раководство на НОБ во Црвена Вода, донесени се многу документи, значајни за создавањето на сопствена држава, желба на многуте генерации низ минатите векови.
Главниот Штаб на НОВ и ПОМ под раководство на Генерал Михајло Апостолски, на 3 Октомври 1943 година, го издаде Манифестот, во кој беа изнесени целите на НОВ во Македонија, со повик до народот сите патриотски сили да се вклучат во борбата за слобода. Овој Манифест, заедно со Манифестот на Крушевската република и со одлуките на Првото заседание на АСНОМ се вбројуваат во историски најзначајните документи врз кои се поставува државно-правната основа на македноската државна заедница.
Пред и по донесувањето на Манифестот, се случија и други значајни настани на оваа територија. Имено на 18 Август на Славеј Планина, се формира првата покрупна македонска воена единица – батаљонот ,,Мирче Ацев“, потоа на 11 Ноември во Сливово се формира и првата Македонско – косовска бригада.
Во втората половина на септември 1943 година, при Главниот штаб во Црвена Вода, пристигна првата сојузничка англиска воена мисија.
На слободната територија почнаа со работа и првите училишта, во кои наставата се изведуваше на македонски јазик.
Во Издеглавје се одржа првиот свештенички собор и се формираа Командата на местото, како војнозаднинска институција, и Околискиот народноослободителен одбор кои се грижеа за редот, безбедноста и мирот на слободната територија.
Месните народноослободителни одбори и околискиот НОО, беа вистинска народна власт на оваа територија.
Формиран е Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и беа избрани делегатите за учество на Второто заседание на АВНОЈ.
Постоењето на слободната територија во Западна Македонија, донесените одлуки и документи на оваа територија, организираноста на целокупниот систем на власт, судство, позадина, војска, просвета, организирање на свештенството, присуството на странски воени мисии и друго, се карактеристики на секоја држава. Затоа и нашето тврдење, дека токму овде, на слободната територија на Дебрца, во 1943-та година се раѓаше и се оцртуваа контурите на денешна слободна, независна и суверена македонска држава.
Поради сето горе наведено, 3 Октомври е прогласн за патронен празник на општина Дебрца.

Публицитет.мк 

Посетеност: 127
Share
Previous Post

Утре и задутре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, ќе има вежбовна активност за боево гаѓање

Next Post

Блаже Петревски од Охрид ќе гостува на меѓународниот поетски фестивал „Haus fur Poesie “ во Келн

Next Post
Блаже Петревски од Охрид ќе гостува на меѓународниот поетски фестивал „Haus fur Poesie “ во Келн

Блаже Петревски од Охрид ќе гостува на меѓународниот поетски фестивал „Haus fur Poesie “ во Келн

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 127

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk