Во ,, Јахја Кемал “- Струга од 16 до 20 декември беа организирани низа активности насловени како ,,Недела на јазиците”.
Во тие рамки беа претставени и македонскиот јазик, литература и македонската традиција и култура.

Учениците од основното и средното училиште преку бројни проекти го претставија развојот на македонскиот јазик и литература преку Мисирков и Блаже Конески до денес.

Тие истовремено ја испочитуваа и македонската историја , македонската носија и традиционалната вкусна македонска храна на која никој од гостите не остана рамнодушен, се вели во информацијата од училиштето „Јахја Кемал“.
Публицитет.мк