Во издание на „Арка“ од Смедерево, во едицијата „Македонски венец“, на над 300 страници деновиве излезе второто издание на книгата избор од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски под наслов „Извештаи на Рисот и други песни“ во Србија.
Изборот е двојазичен, на македонски и на српски јазик во извонреден препев на поетот и академик Ристо Василевски.
Оваа е шеста книга на Славе Ѓорѓо Димоски на српски јазик, а претходните се: „Мерач на зборовите“ („Мерач речи“), „Поле. Бојно поле?“ („Поље. Бојно поље?“), „Блиска врска“ („Блиска веза“), „Јазичен триптихон“ („Језички триптихон“) и „Одење по вода“ („Ходање по води“). За оваа пригода поговорот на книгата специјално го напиша Венко Андоновски.
Публицитет.мк