
„СВР Охрид своите работни обврски и задачи на безбедносен план ги извршува крајно професионално, законито, посветено и пожртвувано и со целосна соработка со надлежните институции. Посветени кон безбедноста на граѓаните, работиме по современи професионални и демократски принципи и со целосното почитување на основните човекови права и слободи и на вистинските вредности во општеството. Практикуваме европски полициски стандарди во зачувувањето на стабилна безбедносна состојба Остануваме и понатаму посветени на потребите на граѓаните и државата“ истакна во својот говор, Жарко Лазороски, началник на СВР Охрид.

Говорејќи за значењето на настанот и за одбележувањето на 7 мај, денот на македонската полиција, м-р Стефан Димоски, портпаарол на СВР Охрид и претседател на Интернационалната полициска асоцијација – регион Охрид, кажа дека, македонската полиција денес е современа институција, кадровски и логистички подготвена да одговори на сите безбедносни предизвици, а СВР Охрид претставува современа полициска организација којашто работи на подигнување на безбедноста во рамките на подрачјето кое го покрива, полиција, која е партнер на граѓаните.
-„Ефикасно градиме силна полиција, полиција партнер на граѓаните која работи во интерес на граѓаните и којашто ефективно ги решава сите проблеми на безбедносен план, од јавниот ред и мир до имотните деликти. Најзначајно е пронаоѓањето на сторителите и изнесувањето пред лицето на правдата.“ – потенцира Димоски.