• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Германскиот гитарист Рајхенбах со концерт на „Охридско лето“

јули 16, 2024
in Култура
Германскиот гитарист Рајхенбах со концерт на „Охридско лето“

По маестралниот настап на светскиот виолинист Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија со кој свечено беше отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“, музичката програма продолжува  вечерва со концерт на Герхард Рајхенбах, еден од водечките германски класични гитаристи.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Рајхенбах дебитира како солист во 1980 година во Дизелдорф, а на интернационалната сцена првпат настапува во 1990 година на Фестивалот за гитара во Волос, Грција. Оттогаш, повеќе од 40 години одржува концерти како солист, со оркестар и на бројни фестивали кои го носат меѓу останатите на сцената на Берлинската филхармонија и во Интернационалната куќа на музиката во Москва.

Репертоарот на овој уметник содржи повеќе од 35 рецитали и бројни концерти за гитара и оркeстар. Неговите транскрипции за гитара на делата на Скарлати, и особено оние на Бах го поставуваат на чело на интерпретаторите на делата на Бах за гитара во светски рамки.

Во последните децении Рајхенбах е особено активен на полето на современата музика за класична гитара изведувајќи дела кои се специјално напишани за него како Балканската соната на Росен Балкански, 12 концертни студии оп. 48 од Бак Волтерс и дела од Атанас Оуркузунов. Покрај концертните активности, тој е професор по гитара, често е дел од жири комисии на натпревари и посветено работи на нови едиции на репертоарот за класична гитара.

Публицитет.мк

Посетеност: 201
Share
Previous Post

Владимир Попоски: Кога Аџо-Боро ја даваше ќерката

Next Post

Промовиран трудот: „Движење и   категоризација  на членството во Јавната библиотека при Националната установа Центар за култура ‘Браќа Миладиновци‛ 1952 – 2001 година

Next Post
Промовиран трудот: „Движење и   категоризација  на членството во Јавната библиотека при Националната установа Центар за култура ‘Браќа Миладиновци‛ 1952 – 2001 година

Промовиран трудот: „Движење и   категоризација  на членството во Јавната библиотека при Националната установа Центар за култура ‘Браќа Миладиновци‛ 1952 – 2001 година

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 201

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk