Екипата на ГКК Охрид е новиот прволигаш тие синоќа во еден квалитетен натпревар ја постигнаа и втората победа над екипата на Соколи од Штип со резултат 64:55 и заедно со Вардар од година ќе се натпреваруваат во Првата кошаркарска лига.
Кај домашните сите го дадоа својот максимум и се заслужни за овој успех а најефикасни беа Кузманоски со 20 и Бојовски со 13 постигнати коша.
Кај гостите најефикасен со 20 постигнати коша беше Димитриевски.
Браво до сите кои настапија на овој натпревар и овозможија после многу години повторно да ја вратат охридската кошарка во македонската елита.
Ова е ден кога ГКК Охрид испиша историја со пласманот во Првата лига и на охриѓани кои дојдоа во голем број и им дадоа огромна поддршка за овој успех им овозможија од следната сезона охридската публика да може да гледа прволигашка кошарка.
И Арсеноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк