• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 4, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Големи имиња на „Охрид фест 2024“

јуни 21, 2024
in Омнубус
Големи имиња на „Охрид фест 2024“


Подготовките за претстојното 31. издание на популарниот „Охрид фест – Охридски трубадури“ се во полн ек: годинава фестивалот ќе се случува на 30 и 31 август на добро познатата, величенствената сцена на Долни Сарај. „Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија но е познат и надвор од границите: изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, се емитуваше во педесетина земји во Европа и низ светот, во фестивалската биографија е запишано дека на него настапија пејачи од 37 земји, но тој е и значаен симбол на градот Охрид.

-Токму затоа „Охрид фест“ широко ги отвара вратите за сите охриѓани и за оние што во тој период ќе бидат во убавиот Охрид, бидејќи влезот е слободен- информира Григор Копров, првиот човек на фестивалот. „Што се однесува до ова издание, со целото искуство што го имам и со здружени сили на тимот со кој работиме со години, не очекува одличен фестивал, со многу добри песни, со настапи на нашите докажани имиња, гости од странство, ѕвездите од екс -ју но и многу млади пејачи. Новината е што од годинава имаме соработката со Канал 5, соработка на која искрено се радувам- заврши Копров.

Традиционално фестивалот ќе започне со Фолк вечер низ која ќе води шармантната Ирена Спировска и каде покрај докажаните Благоја Грујовски, Катерина Танева, Благица Павловска, Петар Нечовски, Милица Кузмановска, група „Биоритам“.., шанса за убав старт ќе имаат и нови музички надежи. Интернационалната вечер е резервирана за поп- музиката и младите но и за етаблирани имиња од Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Бугарија…

Омилената водителска двојка Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе бидат на своите позиции а на фестивалот ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Срѓан Марјановиќ, Брано Ликиќ, Тони Мишел, Принц од Врање… Охрид- фест ги подржува младите но е познат и како фестивал кој има долга меморија и ги почитува уметниците кои оставиле трага во музиката, не го заборава квалитетот на уметниците кои за адутот го имаат траењето. Во тој контекст, за безвременска песна е прогласена „Одисеја“ што маестрално ја пее Лео Мартин, композиција која го издржа тестот на времето од 1973 година. Организаторите најавуваат уште изненадувања, а директниот пренос на „Охрид фест“, на 30 и 31 август, од 21 часот годинава ќе се случува на телевизија Канал 5. „Охрид- фест“ останува доследен на себе си, да слушате, гледате и уживате во музиката!

Публицитет.мк

Посетеност: 208
Share
Previous Post

Во сабота ќе започне новото издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца 2024“

Next Post

DW: Сончаница или топлотен удар: Што треба да знаете?

Next Post
DW: Сончаница или топлотен удар: Што треба да знаете?

DW: Сончаница или топлотен удар: Што треба да знаете?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 208

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk