• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

„Гран при“ на натпреварот „Охридски бисери“ освои младиот пијанист Ѕевен Лиу од Кина

јуни 22, 2024
in Култура
„Гран при“ на натпреварот „Охридски бисери“ освои младиот пијанист Ѕевен Лиу од Кина

Заврши дваесет и третото издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ – 2024. На Свечениот концерт што се одржа на 19ти јуни, во катедралната црква Св. Софија, настапија финалистите во дисциплините виолина, пијано и камерна музика во сите возрасни категории што годинава беа застапени на натпреварот. „Охридски бисери“ е веќе познат и афирмиран натпревар во земјава, поширокиот регион, но и во цела Европа по високиот квалитет на организација и особено талентираните и подготвени млади учесници.

И годинава, многубројната публика во црквата Св. Софија уживаше во единаесет виртуозни настапи на Финалниот концерт. Стручното интернационално жири, имаше тешка задача да ги одбере најуспешните меѓу нив. Наградата „Гран при“, парична награда во износ од 2000 евра и вреден накит охридски бисер ја освои младиот, десетгодишен пијанист Ѕевен Лиу од Кина. Наградата ја врачи претседателот на натпреварот Ѓорге Улишев. Второ место во генерален пласман и парична награда од 1500 евра, освои младиот пијанист од Грција Хрисантос Терианос, а третата награда ја поделија виолинистите Александра Ѓокиќ и Лазар Мутавџиќ од Србија и освоија парични премии од 500 евра. Хрисантос Терианос ја освои и специјалната награда на ЕМСИ (Европска асоцојација на музички натпревари). Оваа награда на младиот уметник ќе му овозможи едногодишна промоција и развој на неговата концертна кариера во повеќе европски градови и соработка со еминентни педагози.

За најуспешни претставници од Македонија на „Охридски бисери“ – 2024 беа прогласени младиот пијанист Иван Стојанов и клавирското трио во состав: Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска.

Нашиот познат виолинист и педагог, професор на ФМУ од Скопје Љубиша Кировски, воедно и Претседател на Фестивалот „Златна лира“ на овие млади уметници им ја додели специјалната награда – рецитал на овој престижен Фестивал што се одржува во организација на Здружението на музичките уметници на Македонија.

Наградата на Сојузот на композиторите на Македонија, во износ од 100 евра композиторот Борис Светиев, му ја додели на младиот пијанист од Струмица Стефан Ончев, за изведба на композицијата „Прелудио-Етида“ од композиторот Гоце Коларовски. Специјалната награда на Фондацијата „Зографски“ за најдобра изведба на дело од композиторот Томислав Зографски, која традиционално ја доделува сопругата на композиторот Г-ѓа Панда Зографска ја освои пијанистот од Иран Радман Алавирад за изведба на композицијата „Свита за пијано“.

Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“, секоја година во месец јуни претставува значаен настан од областа на културата во Охрид, но и место за драгоцена размена на искуства и дружење меѓу младите музички уметници од целиот свет.

Викица Костоска Пенева – музиколог

Публицитет.мк

Посетеност: 287
Share
Previous Post

DW: Сончаница или топлотен удар: Што треба да знаете?

Next Post

 Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 г.

Next Post
 Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 г.

 Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2023 г.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 287

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk