• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Граѓаните избираат шеф на државата и пратеници

мај 8, 2024
in Актуелно
Граѓаните избираат шеф на државата и пратеници

Денешните двојни избори – парламентарни и претседателски – во Македонија, ги следат 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи.

Кој ќе ја води државата во следните пет години? Изборот денеска ќе го направат граѓаните на Северна Македонија кои oд 7 до 19 часот гласаат во вториот круг од претседателските избори. Денеска се одржувааат и 11-тите парламентарни избори, за кои според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) право на глас имаат 1.815.350 избирачи. За вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи. Разликата во гласовите е 1.033, поради граѓаните кои во меѓувреме станале полнолетни и тие ќе може да гласаат само за избор на пратеници. На парламентарните избори гласачите ќе можат да избираат меѓу 17 листи на кандидати за пратеници. На листите има 1.755 кандидати, од кои 1.002 мажи и 753 жени.

Гласањето на двојните избори ќе се одвива на 3.480 избирачки места и на секое избирачко место ќе има две гласачки кутии. Но избирачите во текот на денот ќе можат само еднаш да пристапат на гласачкото место и да го остварат избирачкото право. Претходно гласачот ќе биде прашан – дали сака да гласа за претседателските, за парламентарните или за двата изборни процеса?

Вчера, за вториот круг од претседателските и на парламентарните избори веќе гласаа пријавените болни и немоќни лица, а гласање се спроведе и во казнено-поправните, како и установите за вонсемејно згрижување. Гласање во дијаспората се реализира само за вториот круг од претседателските избори, но не и за парламентарните избори, бидејќи немало доволен број пријавени македонски државјани.

Домашни и странски набљудувачи

Акредитирани 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи ги следат денешните двојни избори. Најмногу, 410 набљудувачи и 14 експерти, има акредитирано Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Парламентарното собрание на ОБСЕ има 138 набљудувачи, ад хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа – 33, Амбасадата на САД во Скопје – 68. Од домашните организации најмногу набљудувачи 752 има Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејк ап“.

Ангажирани се 85 преведувачи, а текот на изборниот процес и резултатите од него ќе го следат 83 странски новинари и медиумски работници од регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиетед прес, Ал Џазира, Франс прес.

Пријава за повреда на избирачко право

Заради заштита на избирачкото право на граѓаните, Народниот правобранител денеска ќе презема итни мерки за ефективно постапување од надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Во канцеларијата на Народниот правобранител од 7 до 19 часот ќе може да се пријави каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Освен телефонски на бесплатниот број, повреда на избирачкото право граѓаните ќе можат да пријават и лично во главната канцеларија во Скопје, на улица Македонија бр.19. Дежурни канцеларии на Народниот правобранител ќе има и во Струмица на телефонскиот број (034)329-996, во Кичево (045) 228-586, Тетово (044) 344-082, Битола (047) 242-310, Штип (032) 389-701 и во Куманово (031) 431-488.

Извор: www.dw.com

Публицитет.мк

Посетеност: 292
Share
Previous Post

На Велигден охридските црквите преполни со верници од земјава и странство

Next Post

Појот на птиците на Галичица

Next Post
Појот на птиците на Галичица

Појот на птиците на Галичица

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 292

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk