
Охриѓани на последниот натпревар пред своја публика во годинешното првенство во Втората лига славеa победа над екипата на Тетекс со резултат од 2-0.
Охриѓани како и на преtходните натпревари така и на овој имаа игра како и иницијатива, таквата игра вроди со плод па така како резултат на оваа иницијатива дојде и водството од 1-0
На ова водство му преtходеше одлично изведена акција во 52′ од натпреварот во која реализатор и стрелец беше Емил Скоко.
Со ова водство се отиде на одмор.
Во второто полувреме гледавме иста слика, домашните ја држеа играта под контрола, а гостите сакајки да дојдат до изедначувење ја отворија играта, таквата игра ја искористија охриѓани и во овој период од играта домашните од неколкуте шанси за гол искористија само една онаа на Оливер Дишлиески, во 70′ шанса која заврши со вистински Евро-гол и водство на охриѓани од 2-0.
До крајот видовме уште неколку шанси за гол но до промена на резултатот не дојде.
Во последното коло охриѓани гостуваат во Гевгелија каде ќе се сретнат до екипата на Кожуф.
ИЗЈАВА ПО НАТПРЕВАРОТ СО ТЕТЕКС НА ОЛИВЕР ДИШЛИЕСКИ СТРЕЛЕЦОТ НА ЕВРО-ГОЛОТ ЗА ОХРИЃАНИ
И.Арсеноски







