• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Дадо Топиќ на Охрид фест ќе го одбележи големиот јубилеј, 60 години музика

август 16, 2024
in На минување
Дадо Топиќ на Охрид фест ќе го одбележи големиот јубилеј, 60 години музика

Дадо Топиќ изрази желба наградата и одбележувањето на големиот јубилеј- 60 години професионална работа, да се случи токму на „Охрид фест“. Ова е поради големата љубов што тој ја чувствува кон нашата земја, поради приемот кај публиката, убавите спомени од минатогодишното издание на „Охрид фест“ и секако, поради почитта кон Григор Копров.
Неговата желба е безусловно прифатена од фестивалот, бидејќи почитта е обострана, па така на Интернационлна вечер на Охрид фест, на 31 август, повторно ќе го видиме и чуеме Дадо Топиќ.
„Сосема спонтано посакав овој мој јубилеј да го прославам токму на „Охрид фест“, раскажува Дадо. „Во Македонија се чувствувам величенствено, луѓето ме застануваат на секој чекор, на аеродром, на улица, во ресторан, сите се заблагодаруваат за песната „Македонија“, велат: Дадо ни подари најубава песна, тоа е нашата химна“ а тоа се зборови што не можат да се заборават. Инаку минатата година, песната наполни 50 години и „Македонија“ ја имам постојано на репертоар.
Луѓето ме прашуваат за значењето на песната. „Тамо где вечно сунце сја, тамо је Македонија“ е посветена на сонцето, го имате на знамето, имате многу сончеви денови во годината, богата историја, мирен, музикален и срдечен народ, а таа песна, наградена на ланскиот „Охрид фест“ ја доби плакетата што ја краси мојата работна соба… Мојата љубов кон Македонија потекнува од најраната младост- продолжува Дадо. „Мајка ми беше многу музикална и кога се чистеше пченката по далматинските села, таа пееше македонски песни, јас слушав, регистрирав и полека си потпевнував во себе.


Инаку, мојот менаџер Илија Јовановиќ има одлична соработка со Охрид фест, пријатели сме со Григор Копров, неуморен директор и идеен творец на фестивалот кој наголемо го реализира 31-вото издание. Ве очекува изненадување за фестивалот, нека остане тајна уште некој ден…
И за крај, со нетрпение чекам да дојдеме во Охрид, би сакал за време на гостувањето да ги посетиме Билјанини извори и така да го прославиме мојот јубилеј, кој ќе биде одбележен со низа концерти низ поголеми градови во регионот. Во меѓувреме ја очекуваме биографијата, монографијата и збирка на песни што ги напишав. Се гледаме на „Охрид фест“- заврши Дадо Топиќ.

Фото: А. Станковиќ

Публицитет.мк

Посетеност: 270
Share
Previous Post

Започна Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Next Post

Пештанката вчера и денес

Next Post
Пештанката вчера и денес

Пештанката вчера и денес

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 270

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk