Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие лица. Се смета дека 15 проценти од светската популација, или повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со попреченост што налага неминовна потреба од поголем фокус на сите чинители кон промени на перспективите на попреченоста и примена на соодветен пристап низ призмата на човековите права.
Во посета на Дневниот центар „Зраци“ од Охрид денеска беа членките на женскиот лајонс клуб ДЕНИЦИ од Охрид.

Нивното присуство и подароците кои им ги дадоа на лицата згрижени во центарот а најмногу од се’ квалитетно поминатото време со нив предизвика безброј насмевки но и по некоја солза кај сите приутни.

Дневниот центар ЗРАЦИ е виситински пример како треба да се работи со лицата со попреченост а борбата за негово опстојување се водеше долги години а по начинот на трајно финансирање се’ уште се трага.
Фото: Орхидеја Топенчарова
Публицитет.мк