• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Ден по „Охридско лето“ во црквата „Св Софија“ ново оперско доживување „Времеплов“ со нашата Миланка Новеска и пријателите

август 17, 2025
in Култура
Ден по „Охридско лето“ во црквата „Св Софија“ ново оперско доживување „Времеплов“  со нашата Миланка Новеска и пријателите

Охридската публика со нетрпение го чека концертот „Времеплов“ за средба со мецосопранот Миланка Новеска. Таа во црквата „Света Софија“ ќе изведе оперски арии, а вечерта ќе настапи и  сопранот Тина Ристеска, обете во пијано придружба на Ана Велиновска.

Иницијатор за концерото е Тиан Ристеска која со Миланка Новеска се познаваат уште од средношколските денови и на концертот ќе изведат популарни арии од различни композитори и епохи.

Да потсетиме. Кариерата Новеска за започнува во родниот Охрид, каде уште како мала се занимава со пеење и настапува на фестивалот „Распеано рибарче“.  Средно музичко училиште завршува во Скопје, а потоа од романското министерство за едукација добива целосна стипендија за изучување на оперско пеење во Националниот универзитет за музика во Букурешт. Таму соработувала со хорот на нивното радио, а четири години работела и во комичната оперска куќа во Букурешт.

„Бев откриена како млад и надежен талент од оперската пејачка Милка Ефтимова. Подоцна бев забележана и од оперскиот пејач Борис Трајанов, кои ме зедоа под нивно крило. Ме научија уште како мала што значи да се биди оперски пејач, колку работи треба да се познаваат. Дека треба да се изучува клавир и да се изучуваат различни јазици, кои потоа ќе ми бидат потребни“, пред една година во интервју за „Гласот на Америка“ , изјави Новеска.

Новеска деновиве е во Берлин, Германија таму настапува во операта L’incoronazione di Poppea од Монтеверди во Theater im Delphi и потоа доаѓа во својот роден Охрид.

Концертот во Охрид е закажан за 21 август – четврток  во 20.00 часот. На 25 август тие ќе настапат во Скопје во култниот „Салон 19.19“.   

Публицитет.мк

Посетеност: 239
Share
Previous Post

„Трпејца“ – фото Стеван Пејчиновски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 239

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk