• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, август 24, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Дивоградбите ја нарушуваат охридската староградска архитектура, неопходна е нејзина заштита

ноември 24, 2024
in Актуелно
Дивоградбите ја нарушуваат охридската староградска архитектура, неопходна е нејзина заштита

Еден од критериумите по кои културното и природното наследство на охридскиот регион е под заштита на УНЕСКО е градот Охрид како урбана целина, кој е помеѓу најстарите во Европа со богато културно наследство, но и препознатлива староградска архитектура. Во текот изминатите децении во старото градско јадро никнуваа објекти кои ја нарушуваат архитектурата, поради што од охридскиот „Завод и Музеј“ бараат да им се зголемат ингеренциите за навреме да се спречуваат таквите активности.

Приземје со сив делкан камен, бело обоени катови со дрвени кафеави опшиви, еркери, препознатлива пропорција на прозорците во однос на катот, кров од црвени ќерамиди, се само дел од карактеристиките на охридската староградска архитектура која е на списокот на УНЕСКО. Иако тоа е уредено со закон, сепак дел од граѓаните градат на своја рака, поради што никнаа и потпокриви кои немаат ништо заедничко со охридската архитектура. Вработените во „Завод и Музеј“ ги пријавуваат таквите дивоградби, но со тоа завршуваат нивните ингеренции.

„Ние како институција сме должни да ги пријавуваме таквите неправилности, меѓутоа треба да ни се дадат поголеми ингеренции во однос на понатамошните постапки при такви дивоградби. Практично ние во овој момент не знаеме покасно што се случува со тие постапки откако ќе пријавиме неправилности“, вели Горан Патчев, директор на Завод и Музеј – Охрид.

Загрижува и тоа што некои граѓани во стариот дел на градот, при ископување на темели не пријавуваат археолошки наоди кои завршуваат под дебели бетонски плочи.

„Многу е важно граѓаните да пријавуваат случајни наоди, бидејќи знаеме дека под старото градско јадро на Охрид се наоѓал античкиот Лихнидос и тука имаме градби од тој град од непроценлива вредност. Било што да се најде нека не се плашат да пријават, затоа што понатака постапката се одвива во прилог на нашето богатство да го прикажеме, да го презентираме“, додава Патчев.

Помеѓу големиот број поединечно заштитени недвижни културни добра во Охрид се наоѓаат 52 објекти на староградска архитектура за чија заштита се грижи охридскиот „Завод и Музеј“.

Извор: www.mrt.com.mk

Новинар: Сашо Нелоски

Публицитет.мк

Посетеност: 183
Share
Previous Post

Искуство и младост во песна: Дадо Топиќ и Ана Петановска ќе снимаат дует

Next Post

Со волци не можеш јагне да бидеш

Next Post
Минатото е полно со грешки, затоа гледајте кон иднината

Со волци не можеш јагне да бидеш

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 183

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk