Композиторот, аранжер и продуцент Јовица Каралиевски сподели со јавноста една интересна вест во која вели: – Почитувани пријатели, родители, дечиња и наши фанови. Од името на малите К-2 Ѕвездички и мојата креативна музичка работилница Ве покануваме на 26 ти јули на малиот плоштад”Вангел Наумовски” (кај Мини маркет) да го проследите четвртото издание на музичко – сценската манифестација “Малите Ѕвездички со К-2”.
Ќе настапат повеќе од 20 дечиња со авторски песнички од нашата работилница создадени во тековната година и ќе доделиме дипломи на деца и млади што постигнале успех на полето на уметноста, културата, спортот и образованието.
Откако(минатата година) ја откривме убавината на оваа локација за вакви настани решивме и понатаму традиционално да се одржува тука. За да биде сѐ ок и годинава имаме неизмерна поддршка од Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид Витаминка Охрид Пресс Публицитет.мк и ред други помагатели. Ве очекуваме, вели Каралиевски.
Публицитет.мк