На денот на упокојувањето на Мајка Тереза, 5 септември, познатиот македонски уметник и основач на “Цветната патека на Мирот”, Живко Поповски Цветин, додели четири коверти со реплика од писмото што му го испратила Мајка Тереза на 21 март 1984 година.

Репликите беа доделени на: Мисијата сестри на Мајка Тереза во Скопје; м-р Нада Милкова, директор на културниот центар “Метаноја” на која ѝ беше доделена и Цветинова награда за мир; Валентина Ѓоргиевска Парго новинар и поетеса и проф. д-р психијатар Мира Полазревска, за нивната хуманитарна дејност, во мисија на љубовта и мирот меѓу луѓето кај нас и со тоа, пошироко во светот.

Настанот се одржа во Скопје, прво во Спомен куќата “Мајка Тереза” а потоа и во “Метаноја”.
Мајка Тереза или Света Тереза од Калкута е родена во Скопје на 26 август 1910 година а почината во Калкута, на 5 септември 1997 година. Таа е добитничка на Нобелова награда за мир и прогласена за светица во католичкиот свет.

Цветин е познат и како кандидат за Нобелова награда за мир од Макеоднија, и тоа неколку пати.
Публицитет.мк