Во рамките на првото коло од плеј-оф фазата, во Скопје екипите на Бутел и Охрид екипи кој претендират за едно од местата кој водат во Европа одиграа неизвесен натпревар во кој буквално победникот беше решен во последните секунди од натпреварот. Во последните моменти од натпреварот домаќините со удар од седум метри имаа шанса да освојат бод меѓутоа голманот на Охрид Ристевски одбрани бравурозно и на својата екипа им обезбеди вредна победа.
Инаку првиот дел од натпреварот мина со многу пресврти на теренот, каде првите 30 минути поминаа во многу надигрувања и голема борба за секоја топка. во една ваква рамноправна борба домашната екипата со гол предност замина на пауза со резултат 14-13.
Ваквиот резултат од полувремето беше само најава за возбудлив втор дел, во кој само нијанси решаваа кој ќе го добие овој натпревар
Последните минути од натпреварот беа најдраматични кога при нерешени 29-29, искусниот Шешиќ погоди за водство на Охрид од 30-29, и кога во самиот финиш Николов не успеа да реализира од пенал за поделба на бодовите.
Јунак во победата на охридската екипа беше голманот Бобан Ристевски кој на 8 секунди пред крајот, при резултат 29:30, одбрани пенал на Николов, додека Ѓорѓевски мечот го заврши со 14 одбрани.
ГРК Охрид:
Ѓорѓевски (14 одбрани), Ристевски (1 одбрана), Ојлески 7, Андоновски, Матсуока 1, Јукиќ 3, Стоилевски, Дрогришки 1, Тасески, Шафранко 2, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 3, Орјоникидѕе 6, Бојаниќ 2, Цирар 5.
Во следното коло во Охрид се игра ,,Езерското Дерби” кога охриѓани на домашен терен ја пречекуваат екипата на Струга.
И Арсеноски
Охрид Спорт
Публицитет.мк