• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 3, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

“ДУШАТА НА ЧАРШИЈАТА” – награда за најдобра поетска книга за книгата “Процвет” на поетесата Цветанка Невчева

август 9, 2024
in Омнубус
“ДУШАТА НА ЧАРШИЈАТА” – награда за најдобра поетска книга за книгата “Процвет” на поетесата Цветанка Невчева

Излезе од печат поетската книга насловена како “Процвет” на поетесата Цветанка Невчева во издание на Дата песнопој од Битола.

Делото е дел од Современата македонска книжевност – едиција: КНИЖЕВНИ МЕРИДИЈАНИ и е носител на наградата насловена како – ДУШАТА НА ЧАРШИЈАТА на конкурсот распишан од издавачката куќа Дата песнопој од Битола.

Песните во стихозбирката ПРОЦВЕТ поетесата ги врамила во четири циклуси исполнети со книжевни и стилски изградени композиции нешто што соодветствува на современите текови во поезијата. Таа нема време да опишува, присутно е само емотивното ткаење на версот, за поцелосно ослободување на трепетот преку кој се дава нова силна и цврста димензија на зборот. На преслапот е желбата за љубов, најсилна и вечна во потрагата на поетесата. Цветот не е само убавината, кој доаѓа од лабораторијата на поетесата, во него е естетската порака за димензијата на животот, чистотата на зборот, па и моќта за проследување на боите на животот. Ништо не ме прашувај, препушти се на мигот зашто надежта е сон на будните, за да го зграбиме здивот на животот во ѕвездената ноќ претставува дел од РЕЦЕНЗИЈАТА напишана од Илија Мерковски, главен и одговорен уредник на издавачката куќа Дата песнопој од Битола.

Дизајнот на корицата е направен од страна на нашиот голем хуманист и сликар, Живко Поповски-Цветин.

Низ страниците од книгата се проткаени уметнички дела, слики-масла на платно, насликани од вештите раце на  познатиот хирург, д-р Јордан Невчев – СЛАВА МУ!

Нераскинливиот спој на поетската и ликовната уметност преточени во стихозбирка која ќе остави трајни вредности и ќе ги освои срцата на читателите е основната цел на ПРОЦВЕТ.

Публицитет.мк

Посетеност: 210
Share
Previous Post

Кон изложбата „Ех, моја Македонија“во сеќавање на Драган Спасески Охридски

Next Post

Импресивна вечер на македонските уметници Вршкова и Тодороски со дела од Григ, Корсаков и Фролов

Next Post
Импресивна вечер на македонските уметници Вршкова и Тодороски со дела од Григ, Корсаков и Фролов

Импресивна вечер на македонските уметници Вршкова и Тодороски со дела од Григ, Корсаков и Фролов

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 210

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk