Отларингологот д-р Асен Шајн со одлука на лидерот на СДСМ д-р Венко Филипче е назначен за претседател на ОО на СДСМ – Охрид.
Тој доаѓа на местото од досегашната претседателка Кристина Крлеска – Деспотоска и пред него е тешка задача да ја консолидира ОО на СДСМ во Охрид по поразите на локално и државно на претседателските и парламентарни избори.
Д-р Шајн до неодамна беше директор на ЈЗУ Општа болница во Охрид, функција која успешно и одговорно ја извршуваше до поднесувањето оставка од лични причини.
Публицитет.мк