• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 5, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Д-р Асен Шајн успешно го заврши своето директорување во ЈЗУ Општа болница Охрид со најголема донација во вредност од 6.000.000,00 денари

јули 10, 2024
in Актуелно
Д-р Асен Шајн успешно го заврши своето директорување во ЈЗУ Општа болница Охрид со најголема донација во вредност од 6.000.000,00 денари

Горди сме да споделиме дека дека ЈЗУ Општа болница Охрид доби најголема донација досега, Агенцијата за катастар на недвижности Скопје донираше донација вредна шест милиони денари, изјави д-р Асен Шајн. Во дописот до медиумите д-р Шајн истовремено пишува дека писмено го известил Министерот за здравство дека од лични причини поднесол оставка од функцијата директор на ЈЗУ Општа болница Охрид на чие чело беше две години.

-Оваа значајна донација ќе биде искористена за купување на современа медицинска опрема, што значително ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги кои ги нуди установата кон пациентите. Искрено им се заблагодаруваме на Агенцијата за катастар на недвижности, за нивната поддршка и значајниот придонес во областа на општественото здравје и заштита. Нивниот труд и посветеност се од непроценливо значење за унапредување на здравствените услуги и за добробитта на нашите сограѓани, пишува д-р Шајн и во својот отчет опширно зборува за двете негови успешни директорски години.

-Кога бев именуван за Директор на ЈЗУ Општа Болница Охрид, наследив тешка финансиска состојба со блокирана сметка од август 2021 и бројни извршни решенија кои чекаа да бидат активирани, застој во испорака на основни медицински и други материјали, лекови, кадровски недостатоци од стручен кадар посебно во одделението за Педијатрија, со што мојата првична констатација за Болницата со која почнав да раководам беше катастрофална финансиска блокираност и општа организациона поставеност.

Со мојата максимална посветеност и ангажираност успеав со мојот тим во почетокот на февруари 2023 година сметката на Општа Болница Охрид да се одблокира што е секако една од најзначајните работи што сум ги остварил со моето раководење во Болницата. Недостатокот на стручен лекарски кадар кој се создавал наназад многу години, го решив со вработување на 55 работни позиции од кои 22 доктори за кои издејствував веднаш да отпочнат со специјализација со посебен акцент на приоритетните специјализации како педијатрија, анестезиологија, офталмологија, инфектологија итн. каде имавме најголема потреба. За повторно враќање на одделот Педијатрија во нормален тек на работа успеав да трансферирам двајца готови специјалисти Педијатри од други здравствени установи, испративме 3 доктори на специјализација уште веднаш. Со трансферирање успеавме да преземеме специјалист по Психијатрија и Неврологија од други здравствени установи. Моментално на специјализација имаме вкупно 36 доктори. Во Јуни минатата година издејствував заедно со Фондот на Здравствено осигурување на докторите на специјализација да им се исплатат заостанатите наодместоци за одвоен живот од предходни години во вкупен износ од речиси 10.000.000,00 денари.

За прв пат во Болницата неодамна по моја иницијатива беа доделени јубилејни награди на 15 вработени здравствени работници и соработници по повод 40, 30, 20 и 10 години работен стаж.

Во моето двегодишно раководење ќе останат забележани и бројните донации кои ЈЗУ Општа Болница Охрид ги доби од повеке локални бизнис фирми и од државни агенции и тоа:

-Донација комплетно ново улично осветлување на главна улица и останати со замена на штедливи светилки

-На Одделот за Уво, Нос и Грло и подигнување на дијагностиката во оториноларингологијата на највиско ниво добиваме донација на Дијагностички фибероптички назо-фаринголарингоскоп

– Се ангажирав со помош на донација да се аплицира софтверски систем за електорнско поврзување на нашата Специјалистичка биохемиска лабараторија во ЛИС системот (Лабораториски информациски систем) со кој се доби поедноставување на работниот процес, сигурност на податоци, се елиминираа грешките и прилагоди софтверот кон здравствените регулативи Мој Термин и ФЗОМ, со огромна придобивка за пациентите кои електоронски ги добиваат резултатите од направените анализи

-Благодарение на огромната донација од страна на локални општествено одговорни компании, успешно заврши реконструкцијата на покривот на објект од павиљонски тип, зграда изградена во 1962 година, што е прва значајна реконструкција со што се замени стариот со нов покрив со површина од 3000м2

– Неодамна почна со реализација комплетно реновирање на Интерно одделение, вклучувајќи осовременување на болнички соби, работни простории, кабинети, санитарните јазли за што се издвоија средства од буџетот на болницата и донација добиена од општествено одговорни компании за промена на надворешната столарија- ПВЦ дограма

– За потребите на одделот за невропсихијатрија каде е започната метода тромболиза добиена е донација, пациент монитор за следење на витални параметри кај пациенти, инфузомат и перфузомат

– На инфективно одделение кое подолг период било запоставено од раководните тимови обезбедив донација за промена на старата надворешна столарија, со нова модерна ПВЦ дограма, и со истата донација беше овозможена замена на дел од старата дограма со нова ПВЦ дограма на одделот за Радиологија

– Од страна на Агенцијата за управување со одземен имот и возила ни беше доделено патничко моторно возило.

– Беа реализирани и многу други значајни донации

Во мојата четиригодишна програма имав предвидено повеќе проекти за осовременување на работењето на болницата со приоритет за заштеда и намалување на трошоците како и воведување на нови специјалистичко дијагностички методи со набавка на нова опрема која не успеав да ја реализирам поради поднесената оставка од функцијата Директор на ЈЗУ Општа Болница – Охрид, пишува д-р Асен Шајн.

Публицитет.мк

Посетеност: 202
Share
Previous Post

Охрид од птичја перспектива ( фото )

Next Post

Во понеделник Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум

Next Post
Во понеделник Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум

Во понеделник Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 202

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk