Свечено прогласување за доктор на науки кандидат што ги исполнил условите и одбранил докторска дисертација.
Во Ректоратот на Универзитетот во Скопје, на 11. XII 2023 година, ректорот проф. д-р Билјана Ангелова свечено ја промовира во доктор на медицински науки д-р Љубица Миќуновиќ Деребанова од Охрид. Ова академско звање се добива како резултат на направени истражувања во медицинската научна област.
Темата за докторска дисертација е работена под менторство на проф. д-р Андријан Карталов.
Деканот на Медицинскиот факултет проф. д-р Светозар Антовиќ даде Извештај за кандидатот кој се промовира во доктор на науки и од името на членовите на Комисијата
за оценка и одбрана и од негово име, го замоли почитуваниот ректор да го промовира кандидатот д-р Љубица Миќуновиќ Деребанова за доктор на медицински науки.
Ректорот проф. д-р Билјана Ангелова свечено ја прогласи д-р Љубица Миќуновиќ Деребанова во доктор на медицински науки.
Д-р Љубица Миќуновиќ Деребанова е вработена на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, интензивно лекување и ургентен центар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје, како анестезиолог со супспецијалност Педијатриска анестезиологија.
Децата носат светлина во нашиот живот. Гордос на семејството Миќуновиќ се децата, синот Миќун доктор специјалист неврохирург кој ги заврши докторските студии и работи на оригинални истражувања во областа на неврохирургијата и резултатите ги подготвува за одбрана на докторска дисертација и ќерката Љубица која сега се промовира во доктор на медицински науки. Фамилијата Миќуновиќ се збогати и со човек кој има добра душа зетот м-р Никола и со најубавата и најдобра снаа д-р Емилија. Голема гордост ни се и нивните деца, односно четирите внуци Андреј, Софија, Наталија и Михаела кои преку нас ѕиркаат во минатото, ние преку нив ја гледаме иднината и заедно уживаме во сегашноста. Гордост е и главниот кординатор во семејството сопруга, мајка и баба Јелица Миќуновиќ и сите секогаш да бидат најдобри меѓу другите, да не го срамат родот на татковците.
Децата се огледало на родителите, како ќе ги воспиташ, такви ќе ги имаш. Велат: СИ УСПЕАЛ АКО ДЕЦАТА ТИ УСПЕАЛЕ.
Пишува: Академик д–р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид
Публицитет.мк