Езерското дерби помеѓу екипите на Караорман и ГФК Охрид Лихнидос заврши со во фудбалот најнепопулатниот резултат од 0-0
Охриѓани во текот на целиот натпревар имаа лесна теренска иницијатива, но немаше некој поизразити шанси за гол.
Можеби резултатот ќе беше поинаков, ако судијата пред крајот од натпреварот стартот кој беше направен врз напаѓачот на Охрид го оквалификуваше како прекршок за најстрога казна кој прекршок постоеше, меѓутоа судијата се направи како да не го виде овој спорен момент.
Како и да е охриѓани освоија значаен бод кој бод ќе значи и подобар пласман на второлигашката табела.
Во следното коло охриѓани на домашен терен ја пречекуваат екипата на прилепска Победа.
И.Арсеноски
Ohrid Sport
Публицитет.мк