Вчера во просториите на здружение на глуви и наглуви Охрид, се одржа предавање на тема ,, Препознавање и справување со Семејно насилство”.
Предавањето го организираа Женски Центар ,, Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“.
Предавањето го водеше Ирина Трајаноска. Проектот е координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.
Публицитет.мк