• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Заврши 22. издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

јуни 19, 2023
in Култура
Заврши 22. издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

 На Свечениот концерт што се одржа на 17 јуни, во Свечената сала на Општина Охрид, настапија финалистите во дисциплините флејта, кларинет, труба, хорна и камерна музика во различни возрасни категории што годинава беа застапени на натпреварот. „Охридски бисери“ е веќе познат и афирмиран натпревар во земјава, поширокиот регион, но и во цела Европа по високиот квалитет на организација, особено талентирани и подготвени млади учесници, врвни уметници и педагози што како членови на стручното жири ги оценуваат изведбите и секако по вредните награди.

И годинава, како и во претходните изданија на натпреварот, публиката во салата на Општина Охрид уживаше во виртуозните настапи на младите уметници на Финалниот концерт. Десетчленото интернационално жири едногласно одлучи наградата „Гран при“, парична награда во износ од 1500 евра и вреден накит охридски бисер да ја освои младиот уметник Виктор Теодосиев од Бугарија, во дисциплината хорна. Второ место во генерален пласман и парична награда од 1000 евра, освои Томаш Гжебјен од Полска во дисциплината кларинет, а овој млад уметник ја освои и специјалната награда на ЕМСИ (европска асоцојација на музички натпревари во која „Охридски бисери“ е активен член од 2005 година).  Таа награда на добитникот ќе му овозможи едногодишна промоција и развој на концертната кариера во повеќе европски музички центри и стручно усовршување со еминентни педагози. Трето место и парична награда од 500 евра освои флејтистката Ирена Паниќ од Србија. Главните награди ги врачи претседателот на натпреварот Ѓорге Улишев.

IMG 2fb65fac28ceaf9ad968a35acfa7138b V

За најуспешно пласирани претставници од Македонија на „Охридски бисери 2023“ беа прогласени: Мерт Рустемов – кларинет, Стефан Трајаноски – саксофон, Мевлјуд Асаноски – кларинет и пијано триото во состав: Мевлјуд Асаноски, Ѓорѓи Димовски и Арсениј Ангелески. Младите уметници како награда од Сојузот на музичките уметници на Македонија ќе имаат можност да настапат на концерт во рамки на програмата на Фестивалот „Златна лира“.

Парични награди во износ од 100 евра што ги доделува Сојузот на композиторите на Македонија освоија германската флејтистка Лина Герштенауер за изведба на композицијата „Дојранка“ од Трајко Прокопиев и Петар Костадиновски на труба, од Македонија за изведба на композицијата „Тешкото“ од Благоја Ангеловски.

Специјалната награда на Фондацијата „Зографски“ ја освои младата флејтиска Кристина Љушкоска од Охрид, за изведба на композицијата „Сиринкс“ од композиторот Томислав Зографски.

FB IMG 1687113935588

Специјалните награди на добитниците им ги врачи членот на Организацискиот одбор на „Охридски бисери“  и член на Бордот на ЕМСИ, композиторот и пијано педагог Борис Светиев.  

Во соработка со професорите, членови на жири, Детлеф Бенсман – саксофон и Петер Арнолд – хорна, двајцата од Германија, беа доделени специјална парична награда од германската фондација „Урсула Мамлок“ на македонскиот кларинетист Мевлјуд Асаноски (300 евра) и специјална награда од германскиот бренд за изработка на музички инструменти „Гебр. Александер“ за најдобра изведба на дело од Моцарт, што ја освоија Виктор Теодосиев (500 евра) и Цветелина Занкова (300 евра) од Бугарија.

На крајот на натпреварот присутните и добитниците на наградите ги поздрави заменик градоначалникот на Општина Охрид, г-дин Перчо Божиновски, кој на победникот на натпреварот му врачи вреден накит – филигран. Покрај поддршката од Општина Охрид, натпреварот „Охридски бисери“ се реализира и со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Основното Музичко Училиште „Методи Патче“ од Охрид.

Викица Костоска Пенева – музиколог и

член на Организациски одбор на „Охридски бисери“

Публицитет.мк 

Посетеност: 150
Share
Previous Post

Виктор Наумовски старо – нов играч на ГФК Охрид – Лихнидос

Next Post

Обновена е авиолинијата Белград – Охрид – Белград

Next Post
Обновена е авиолинијата  Белград – Охрид – Белград

Обновена е авиолинијата Белград - Охрид - Белград

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 150

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk