• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

За велигденските празници ќе се исполнат сместувачките капацитети во Охрид

април 8, 2023
in Тикер
За велигденските празници ќе се исполнат сместувачките капацитети во Охрид

Во текот на продолжениот празничен велигденски викенд хотелските капацитети на охридското крајбрежје ќе се исполнат помеѓу педесет и шеесет проценти со гости од земјава и регионот. Тоа е добра најава пред првомајските празници, кога всушност ќе започне новата туристичка сезона која се очекува да биде поуспешна од минатогодишната. Охрабрува тоа што на средината на мај со чартер летови ќе започнат да доаѓаат туристите од Холандија, а покрај гостите од Полска, Турција, Србија и други традиционални пазари на охридското крајбрежје ќе доаѓаат и гости и од други земји по воспоставувањето на новите авиолинии…

Кај угостителите и хотелиерите од Охрид владее оптимизам пред претстојната туристичка сезона. Според најавите во текот на велигденскиот продолжен празничен викенд хотелските капацитети ќе бидат добро исполнети, гости ќе има и во индивидуалните сместувачки капацитети, а на охридското крајбрежје ќе допатуваат и голем број семејства од целата земја кои овде поседуваат викендички или викенд станови.

„Оваа година интересот за велигденските празници е доста поголем за разлика од минатата година. Пополнетоста на хотелските капацитети се движи од 50 до 60 посто, со гости од нашата земја, како и гости од Србија и Црна Гора, а секако се очекува интерес и од другите земји. Најавите говорат дека целосна исполнетост веќе ќе имаме со почетокот на првомајските празници, кога ќе започне и туристичката сезона во Охрид“, вели Наташа Цветаноска, менаџер на хотел.

И угостителите очекуваат добра искористеност на нивните капацитети во текот на Велигден, особено од домашни туристи кои празникот сакаат да го поминат во македонскиот духовен центар.

„Нам како угостители ни претставува голем показател посетеноста за велигденските празници, ете да речеме и првомајските, каква ќе биде претстојната сезона во Охрид и регионот. Затоа со голема надеж гледаме на посетеноста за овие празници. Се надеваме дека ќе оставиме како град и како туристичка одредница убав впечаток нашите посетители“, рече Михаил Мишев, претседател на угостителскиот еснаф од Охрид.

Уште отсега дел од хотелиерите, особено оние кои што имаат помали капацитети ги имаат скоро целосно распродадено аранжманите за првомајските празници, што е убава најава пред почетокот на новата туристичка сезона. Особено поради тоа што од средината на мај холандските туристи ќе започнат да доаѓаат со чартер летови, а покрај нив традиционално во Охрид ќе бидат присутни полските, турските, српските туристи, но и гости од други земји со кои ќе се воспостават нови авиолинии.

Извор: www.mrt.com.mk 

Новинар: Сашо Нелоски 

Посетеност: 97
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Драгана Боцевска

Next Post

Пецаков за DW: Конфискација, но и уривање на објекти во Охрид

Next Post
Пецаков за DW: Конфискација, но и уривање на објекти во Охрид

Пецаков за DW: Конфискација, но и уривање на објекти во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 97

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk