• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

ИВАН БЛАГОЈЕВИЌ, ДИРЕКТОР НА НИШВИЛ: Догодина ќе вариме ракија на сцена и ќе свириме џез!

август 23, 2026
in Омнубус
ИВАН БЛАГОЈЕВИЌ, ДИРЕКТОР НА НИШВИЛ: Догодина ќе вариме ракија на сцена и ќе свириме џез!

Специјално од Ниш,

Валентина Ѓоргиевска Парго

Нишвил оваа година го достигна својот максимум и беше една просветлена музичка приказна во која вредеше да се биде за „сите пари“, а директорот Иван Благојевиќ, целокупно презадоволен од ова издание, за догодина најавува и чекор понатаму.

Разговараме опуштено веднаш следниот ден по завршувањето, сместени во самата прегратка на тврдината.

*Неодамна заврши 32. фестивал и како што рековте на прес конференцијата следната година, ќе биде една третина век. Навистина кога ќе се слушне таков опис, уф, малку да се подзамислиш. Генерално, 32. Нишвил, како Вам ви се допадна? 

– 32. издание беше многу подобро од претходното. Никогаш досега сме немале ваква изедначеност во посетата, имавме и еден апсолутен рекорд во посетеност, во петокот кога беше Пакито Д’ Ривера и Бони М. Имавме убаво време, расположени луѓе, навистина ова е “свето место” за сите  кои слушаат квалитетна музика да дојдат на Нишвил. И дополнителна задача за нас е да направиме уште еден подвиг за следната година, а тоа е да биде подобар фестивалот, иако во тешки услови, слаба поддршка од државата, речиси занемарлива.

*Тоа го слушнав наоколу, и не сакам во ваква убава атмосфера да говориме за проблеми, но морам да прашам- како може Србија да не го препознае својот музички бисер? Нишвил е ликот на Србија, не е строго локален фестивал, тоа е светски фестивал.

– Обично се вели дека “Москва не им верува на солзите”, така што престолнините обично се себични и мислат само на себе и регенерализација и децентрализација им е само декларативна мантра пред избори и ткн. Просто големите џез фестивали не треба да бидат во големите градови. Во Париз, во Лондон вие немате големи џез фестивали, но затоа имате во Марсиак, во село со 1000 жители, имате феноменален фестивал, појак од Нишвил. Тоа село има над 300.000 посетители во текот на џез фестивал. Сите околни села изградиле хостели за да ги примат тие гости. Децентрализација на културата е неопходна за луѓето просто излезат од тие големи загушени градови и да одат во некое понормално опкружување и би можеле да се опуштат и да слушат џез музика. Џез музиката сепак бара малку опуштање, не сè е во играње и скокање.

*Многу е благороден просторот, како во некоја бајка, самата тврдина тоа го дозволува. Рековте дека баш џез треба да се одржува на вакви идилични места и простори. Како воопшто дојдовте на идејата дека Ниш е местото што џезот го бара?

– Јас го започнав своето занимавање со култура како театарски режисер и во еден момент работев театарски фестивал со Љубиша Ристиќ во почетокот на деведесетите, и  правев неколку други. фестивал на камерна музика, рокенрол и џез. И тогаш проценив дека џез музичарите се најприфатливи за моето сфаќање на уметноста и немаат степен на ароганција. И сакаат да свират и за своја душа, не само за публика. По концерти сакаат да свират џем сешен во клубовите. И малку по малку во една сала во Домот на војската ние направивме десетина изданија и кога стана тесна потоа дојдовме на Тврдината. Тврдинава е уште од римската епоха, но Турци ја реновирале и го има сегашниот облик. И идеално е дека мојот режисерски концепт се разигра на повеќе места и на повеќе сцени и мислам дека го потполнив фестивалот со сите видови на уметности. Сега тоа е фестивал на фестивали. Имате и театарски фестивал, и филмски, и книжевен, и стрип, и карикатура, имате и сликарски сегменти, имате музички дел и разни правци кои се допираат со џез, и хип-хоп, и денс музика, и секако „Џез фор кидс“ како основа на сето тоа да ги вовлечеме најмладите да го слушаат  и уште поважно да се занимаваат со тој вид на музика. Затоа секогаш сме го работеле едукативниот дел со работилници и воркшопови, ги користивме познатите ѕвезди на фестивалот да држат часови на нишките студенти и учениците. И сега ми се чини заокружена е приказната дека имаме за секого по нешто, а да не ја заморуваме таа голема маса публика со да речеме само со фриџез или некои тешки форми. Програмата е предвидена и составена така што првите три бендови се со џез ориентација, другите три бендови се музика за танцување, фанк, свинг, електронска музика, тоа што ги покрева луѓето, а притоа да издржат шест часа без некои големи напори, затоа што имаме “дабл мејн стејџ” (две главни бини една до друга). Ретко кој работи со два “мејна”, затоа што е многу скапо опремување, но публиката е туку на добивка, бидејќи не се губи време чекајќи да се намести еден  па друг бенд на иста сцена. Веднаш поеден блок реклами е готов за настап, и потоа со леснотија ги следат сите настапи. 

*Тони Китановски на прес ми се чини рече дека луѓето во Ниш слушаат џез. Дали вие ја создадовте таа публика или таа публика ве води вас со својот вкус. Затоа што, кога зборуваме за концертите навистина е импресивно да се види од малечко дето од 2 -3 години до некој човек кој има 80 години и повеќе. 

– Па делумно има наша заслуга, затоа што навистина во почетокот се обидувавме да ја привлечеме таа публика која не ја интересира џезот, понудувајќи им некои полесни форми на другите стејџови, а потоа се случи тие да пораснат, се оженат, добијат свои деца и сега ги носат и своите деца. Имаме двојки и меѓу волонтерите, така што сме создале многу добра публика. Мислам дека музичарите го препознаа тоа многу добро, затоа овацијата што го добиваат овде на голема сцена ретко каде во светот, и можат да кажат дека по толку години свиреле надвор од џез клубовите со по 500 места. Пакито Д’ Ривера сега свиреше пред 10 илјади луѓе, што е за таква тешка форма музика, рекорд. Тоа се случуваше со Рон Картер и со некои големи ѕвезди од претходните години, што биле во чудо и нѐ прашуваат дали можат да настапуваат повторно. Просто Мирчо Левиев, славниот бугарски композитор, го споредуваше нашиот и Њупорт џез фестивалот потполно во наша корист. Не може да се спореди колку Нишвил е поголем од Њупорт, на кој тој настапуваше многу пати.

*Како селектирате кој да биде некој поканет да дојде на фестивалот и да го одберете?

– Главниот критериум е да имаме среќа да биде некој на турнеја. Затоа што често, за американските бендови особено, не ни се исплати да плаќаме авиокарти специјално за настап. И тогаш ги ловиме бендовите кои тогаш се во Европа или близу. А друг критериум е да ја преполоват својата цена. Значи малку е непријатно ценкањето со сите нив, но често донесува корист, бидејќи добиваме големи светски имиња на половина цена затоа што што ги плаќаат и на другите фестивали, за да можат тие да си го заокружат целот буџет за своето патување…

*Поради што ви ја даваат таа привилегија?

– Па се прошири легенда за нас дека одзивот и реакцијата на публиката се извонредни, а на музичарите често од хонорарите им е поважно тоа што уживаат на сцената. Тоа единствено е случај кај џезери, да не се толку сврзани за материјални средства. Ја живеат својата музика, буквално.

*Како успевате да организирате толку многу  учесници за настап на разни места во само неколку денови?

-1000 изведувачи. Околу 150 бендови отприлика, и уште околу 150 плус. Организацијата трае точно една година. Имаме екипа од само десет луѓе, од тоа двајца се технички лица. Веќе сме уиграни. Тоа е стандардна екипа, доста стара екипа, некои се пред пензија…Секој мора да работи 3-4 работи, за да заработи некои хонорари пред фестивалот. Имаме и околу 200 волонтери кои ги бираме на конкурс,за да помогнат. 

*Имате ли поддршка од останатите директори на џез фестивали на Балканот или сѐ правите сами?

– Па главно, порано имавме соработка со Банскиот џез фестивал, но откако основачот почина тие го поместија датумот и така не се „подудараме“ со датумите. Неговата сопруга направи уште еден фестивал во Боровец, помагавме за основањето, но се десет дена пред нас и не можеме да ги делиме бендовите како некогаш. Сега му помагаме на Перник, и нив им ја даваме комплетна програма. Тие веќе направија убав фестивал, благодарение на нас, зашто им пративме околу 10 бендови. Тие работат на тврдина над градот, што е многу убава локација. Соработуваме со фестивалите во Црна Гора, до душа соработуваме и со Индонезија, и уште со некоја земја, кај кои сме често гости. Имавме преддоговор со Требиње таму да правиме фестивал, да биде како испостава, Нишвил ваму- Нишвил таму, но во последниот час не го направивме тоа. Огромна раздалеченост е за да би ја влечеле техниката. Бугарија ни е поблиску и поедноставно ни е со нив. Соработуваме и со џез фестивал во Битола, со Сашо Поповски. Порано со Оливер Белопета, кога беше активен. Сега Скопје практично откако нема голема Универзална сала, нема некој простор за да го има она златно доба на џезот, кога навистина доаѓаа најголеми светски имиња. Како што ни Белград го нема повеќе тој квалитет што некогаш го имаше. Љубљана исто така. И повеќето фестивали одат на принцип да купи четири големи имиња и тоа е фестивалот. Ние повеќе одиме на квантитет- овде да се појават повеќе различни групи, зашто тие млади луѓе еден ден ќе бидат големи ѕвезди. Тие три бендови што го отвораат фестивалот се многу добри бендови. За да доаѓаат до статусот на големи џез ѕвезди, требаат километри и километри. Но тоа е прилика, нишката публика да ги гледа првиот пат, за некој година ќе се сеќаваат дека настапувале во некој термин или на некој спореден стејџ. Просто музичарите посакуваат да настапуваат овде, немаме некои проблеми со ценкања и хонарари. Битно е да бидат дел.

*Шабан Бајрамовиќ. Тоа е еден заштитен симбол кога се спомнува Нишки фестивал. Доделувате и престижна награда која го носи неговото име за успешна фузија на џезот со другите музички правци, годинава ја прими Мејзи Вилијамс од „Бони М“. Зошто Нишки фестивал, и во мојата перцепција да речеме, се поврзува со Шабан? Која била неговата клучна улога?

– Во 1997 година ние го убедивме да настапи на фестивалот, со оркестарот на Миша Блан, свиреше и Ханес Бекман квартет, беше една постава… И просто препознавме дека има елемент на импровизација. Но, бидејќи не можевме да направиме некои посебни композиции, одлучивме музичарите да ги свираат неговите композицијата во џез манир, а тој да пее како веќе пее. Тој тогаш препозна дека треба да глуми малку “Џемс Браун”. И така тргна приказната, затоа што тој всушност е блузер по некои сегменти за согледување. Таа тага која сјае, тоа е блиску до американските блузери. Најмногу благодарение на тоа ние успевме предминатата година да го внесеме во најпознатиот светски џез музеј во Њу Орлеанс. Десет месеци имаше своја поставка во тој музеј, тоа е апсолутен рекорд.

*Тоа беше во Вашата организација?

-Наша организација и на Њу Орлеанс џез музеј. Тоа се пријателите кои доаѓаа овде. Грег Ламбоси е директор. Ја направивме најмногу благодарение на тоа пријателство. Тој стана  еден од ретките странци кој имаше својата поставка, и тоа со Луј Амстронг, Џемс Браун, Реј Чарлс. Инаку Њу Орлеанс ни подари една збирка од своите изложби. Следната година имаме премиера на еден музикл Шливовица, во Њу Орлеанс, на нивниот фестивал. А следниот август на Нишвил ќе биде повторно прикажан истиот. А тоа- на главната сцена ќе има казан за печење на ракија. Тие ќе свират блуз, ние балкански џез. Така што, тоа е она што го вежбаме овие денови. Тука се музичарите од Њу Орлеанс да приготвиме добар сегмент, за да не правиме големите трошоци во Њу Орлеанс.

*Вие свирите на некој инструмент?

– Никогаш не пеев, не свирев, не сум музичар. Но бев театарски режисер еден од најдобрите, недипломирани во тоа време како студенти. Од тогаш почнав да се занимавам и со организација на фестивали, а потоа и на џез фестивали. Така што, по малку режирам и ден-ден. Сите стејџови се режираат. Сите концерти, па одиме на пазари, бувљаци, вашари, затвори. Тоа е некој дел од мојот создавачи придонес.

*Мене е импресивно кога ја слушнав дека Вие како директор не прифаќате да правите фестивал со финти, пари од овде од онде… Знаете, како тоа што го прават многу од фестивалите. Држите некое свое ниво. 

– Имавме поддршка од градот, која не е доволна, но помага, но не и од државата. Со последните два министри за култура кои не не поддржаа  не ни разговарам, нема ни за што.

*Кој бил најславниот концерт досега?

 – Соломон Барк во 2010! (Џипси Кингс, Џон Патитучи, Ренди Брекер, Кенди Далфер…н.з.)

*Догодина, интересно дефиниравте 1/3 век…

– Имаме идеја да донесеме една од трите најпознати актуелни светски џез ѕвезди, работиме на тоа. За казанот, веќе ви кажав… 

Публицитет.мк

Посетеност: 453
Share
Previous Post

ОХРИДСКО ЛЕТО – 40 ДЕНА ФЕСТИВАЛСКА МАГИЈА, РЕКОРДНА ПОСЕТЕНОСТ И АПЛАУЗИ ЗА ВРВНАТА УМЕТНОСТ

Next Post

Славе Н. Катин  – МАКЕДОНЕЦ ПО КОРЕН, ГРАЃАНИН НА СВЕТОТ ПО ОПРЕДЕЛБА И ДЕЛО

Next Post
Славе Н. Катин  – МАКЕДОНЕЦ ПО КОРЕН, ГРАЃАНИН НА СВЕТОТ ПО ОПРЕДЕЛБА И ДЕЛО

Славе Н. Катин  – МАКЕДОНЕЦ ПО КОРЕН, ГРАЃАНИН НА СВЕТОТ ПО ОПРЕДЕЛБА И ДЕЛО

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 453

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk