• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Изложба „Будна вода“ и промоција на збирката  „Разбудена вода“ од Дијана Петкова во Пехчево

април 17, 2026
in Култура
Изложба „Будна вода“ и промоција на збирката  „Разбудена вода“ од Дијана Петкова во Пехчево

На 18.4.2026,сабота, со почеток во 12:00 часот, во Домот на културата „Јане Сандански“ во Пехчево, директорката Валентина Веселинска ќе ја отвори „Будна вода“ – изложба на слики од Дијана Петкова, а во 13:00 часот, во Матичната библиотека „Кочо Рацин“ во Пехчево директорката Габриела Костадинова ќе ја поромовира збирката „Разбудена вода“ – хаи[бун]накуа од Дијана Петкова.

Циклусот „Будна вода“ опфаќа четириесет дела, но ќе бидат изложени само дваесет слики работени во техниката акрилик на платно и комбинирана техника. Сликите се работени во периодот од 2022 до 2025 година.

Збирката, „Разбудена вода“ содржи дваесет хаи[бун]накуа и дваесет фотографии од сликите од Дијана Петкова.

…„Разбудена вода“ претставува пример за таканаречено женско писмо и тоа од многу аспекти. Прво, напишана е во жанр измислен и промовиран од жена авторка, кој се базира на жанр кој, исто така, е измислен и промовиран од жена авторка, а на ова може да се надоврземе и дека ниту еден маж автор никогаш претходно не напишал книга во овие жанрови. Второ, за разлика од „машките“ патописи, кои се дескриптивни, фактички, понекогаш дури и оценувачки, „женските“ патописи на Дијана Петкова се пишувани од една сосема поинаква фокализација; тие се поетични и интроспективни и прават силни паралели меѓу внатрешниот душевен и надворешниот конкретен свет. Уште во втората реченица на воведот, авторката го воведува симболот на водата како нешто „најженско“:„[водата] ме следи уште од мојот зачеток, во утробата на мајка ми, преку моето раѓање и продолжи во мојата утроба со раѓањето на двете деца што ги донесов на овој свет“. Таа поврзаност на жената и мајката со водата се провлекува низ сите хаи[бун]накуа во збирката, па и во воведот“…. вели Елена Пренџова во рецензијата за збирката.

Дијана Петкова е родена во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата Македонски јазик со историја на книжевностите на  југословенските народи. 

Нејзината поезија е објавувана во списанијата „Современост“  „Стожер“, ТЕА модерна и хрватското списание „Ирис“, а застапена е во  антологијата „Отчукување на срцето во македонската поезија“ од Светлана Христова-Јоциќ (2012), во зборникот „Надреалистички гугилипапули“ со поезија и кратки раскази (2016), „Самодиви“ – панорама на поезија пишувана од жени, од преродбата до денес приредена од Славе Ѓорго Димоски и Јулијана Величковска(2023)во повеќе е-збирки и во Зборниците на Поетски слем Македонија (2021, 2022,2023,2024).

Досега ги издала збирките поезија „Стефанија“ (1999), „Деца од свила“- поезија со детски цртежи (2011), „Нова реалност за просторот“  (2013) , „Честичка свесност“ – хаику и хаига (2014), „Мамо што има за јадење?“- хаику готвач за свесни мажи и жени (2016), „Енсо•Поврзување со целоста“ – хаику и хаига (2017) и „Поврзи се…“ – хаиги, со фотографии од убавините на Македонија изработени од Камелија Шојлевска (2018), „Растајнување на светлината“ – хаинаку, превртено хаинаку и хаинага (2019), „Момент во денот“ енсо•хаику дневник (2020), „Скротителка на змејови“ – хаи[бун]наку и „Разбудена вода“ –  хаи[бун]наку/каталог .

Во креативниот центар „Арс вивенди“, каде што работи како менторка во студиото за креативно пишување, организирала дваесет завршни изложби и промовирала  шест книги: „Слободна вода“, „Тивките сили на духот“, „Мисли молкома“, „24/7“, „Месечино, диши! и „Дремката на облакот“, изработени од деца – членови во овој креативен центар.

Учела сликање кај академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски.

Авторски потпис ставила на две самостојни изложби „Момент во денот“ и „Будна вода“, на три онлајн изложби на платформата Artsteps: “Life is poetry”, „Поврзи се“ и „Седум порти на лотосот“, а учествувала и на дваесетина групни изложби.

Живее и работи во Скопје.

Публицитет.мк

Посетеност: 526
Share
Previous Post

ALPOJO-Liquor & Spice Store: ПРОМО што не се пропушта

Next Post

“Cuban jazz explosion”: Македонијо, светски латино гости ти дојдоа!

Next Post
“Cuban jazz explosion”: Македонијо, светски латино гости ти дојдоа!

"Cuban jazz explosion": Македонијо, светски латино гости ти дојдоа!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 526

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk