• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 25, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Изминатата 2023 во областа на поезијата кај нас беше во знакот на Влада Урошевиќ

јануари 8, 2024
in Култура
Изминатата 2023 во областа на поезијата кај нас беше во знакот на Влада Урошевиќ

Во Струга, лани кон крајот на август по традиција се одржа 62 издание на светскиот познатиот фестивал СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА .  Манифестација на која досега настапиле над 5000 поети од стотина земји во светот. Добитник на престижниот „Златен венец“ на поезијата беше Влада Урошевиќ. Тој е третиот македонски венцоносец, по Блаже Конески и Матеја Матевски, поет од третата повоена македонска поетска генерација и единствен македонски поет што трипати ја има добиено наградата „Браќа Миладиновци“. Доволно провокација да седне и да се разговара со овој префинет поет, естетичар на зборот и создавач на поетско – прозната меморија кај нас. Овие празнични денови вреди да се слушнат неговите ставови за животот, потрагата по поетскиот збор. 

Роден е во Скопје 1934 година. Поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар, преведувач, универзитетски професор. Дописен член е на меѓународната Академија Маларме во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Член е на МАНУ, на Македонскиот ПЕН-центар и на ДПМ.

По традиција во саботата на 26 август во катедралната црква „Света Софија“ се одржа неговиот поетски портрет на кој Урошевиќ во обраќањето меѓудругото рече:

– Ја сметам за исклучителна привилегија можноста да ги читам моите песни во овој древен храм. Сводовите на „Света Софија“ охридска ги носат во своето речиси илјадалетно сеќавање спомените на многу јазици, култури, религии… Ми претставува особена чест што можам да се придружам на врвната плејада поети чијшто глас  останал во меморијата на ова свето здание – истакна лауреатот Урошевиќ.

Своја беседа одржа проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, која истакна дека Урошевиќ е еден од најавтентичните поетски гласови под македонското поетско небо, а и пошироко. 

– Влада Урошевиќ и самиот е лик-лавиринт, исклучителен интелектуалец-ерудит, чудесно љубопитен, аристократски дух, инспирација и пример за младите генерации, несекојдневна личност што ја обележува не само македонската туку и европската книжевна сцена од втората половина на 20 и првите две децении на 21 век. Поет космополит, еден од најавтентичните и најоригиналните гласови во нашата поезија, претставник на генерацијата современи македонски поети – модернисти, најинвентивната во поглед на поетскиот јазик и израз, генерација што трајно ја определи физиономијата на нашата поезија како „европска појава“, истакна  Капушевска-Дракулевска.

Ден пред тоа во поетска Струга нашиот Милчо Јованоски направи интервју со лауреатот Влада Урошевиќ во кое тој зборува за пишувањето, создавањето на зборот, наградите, но и посебноста на македонскиот јазик и култура.  Да слушнеме:

Интервјуто е ексклузивно емитувано на програмата на македонски јазик на Државното радио СБС од Австралија

Публицитет.мк 

Посетеност: 170
Share
Previous Post

DW: Со ултразвук против рак

Next Post

Живот – тоа е вистинска уметност во се’ да се најде убавина и радост – Горки

Next Post
Живот – тоа е вистинска уметност во се’ да се најде убавина и радост – Горки

Живот - тоа е вистинска уметност во се’ да се најде убавина и радост - Горки

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 170

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk