• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Иселенички фолклорен фестивал и фолклорна работилница „Охридска свадба…“ за нашинците

јули 8, 2024
in Во потрага по трајната убавина
Иселенички фолклорен фестивал и фолклорна работилница  „Охридска свадба…“ за нашинците

Од 3 до 7 јули во организација на Агенцијата за иселеништво во Охрид и Струга се одржа „Иселенички фолклорен фестивал“.

Учествуваа над 150 игроорци од шест фолклорни  друштвата: КУД „Македонка“ од Виена, Австрија, МКД „Св.Кирил и Методиј“ од Крањ, Словенија, МКД „Охридски бисери“ од Нова Горица, Словенија, Ансамбл „Сонце“ од Крајова, Романија и МКД „Браќа Миладиновци „Осиек, Хрватска, КУД ,,Разиграна Македонка” од Квинбијан, Австралија.

На третиот ден на Иселеничкиот фолклорен фестивал се одржа фолклорна работилница на тема: “Охридска свадба, традиција и култура на Варош и Велгошти” обработка на охридско староградско “Сирто оро”, “Лакочерјеско оро” и “Велгошко оро”, одржана од страна на уметничкиот раководител на КУД “Ѓердан од бисери” Татјана Узуноска -Тренеска.

Игроорците  со големо внимание и интерес активно учествуваа на работилницата со надеж дека ново научената кореографија ќе биде дел од нивната програма.

По работниот дел,  уметничкиот раководител на КУД “Ѓердан од бисери” Татјана Узуноска -Тренеска одржа средба со раководствата и уметничките раководители на иселеничките културни друштва на која се утврди дека е потребно организирање на семинар на кој учество ќе земат уметнички раководители на сите иселенички културно-уметнички друштва, на кој ќе се одржат работилници и предавања на теми кои ќе им бидат од голема полза на фолклорните друштва во иселеништво.

 Сите учесници ја поздравија идејата со надеж дека во иднина ќе се реализира.

-Оваа активност се поклопи со проектот поддржан од Министерство за култура  “Охридска свадба”, во тек сум со истражување под менторство на м-р проф. Благица Илиќ и дел од тоа им го пренесов за обичаите и традиција во Варош и Велгошти на учесниците. Наскоро ќе ја започнам со моето друштво и реализација на сценската адаптација “Охридска свадба“, ни рече Узуноска – Тренеска.

Публицитет.мк

Посетеност: 486
Share
Previous Post

Денес и утре Летно кино со автомобили во Касарна Охрид

Next Post

Лео Мартин: „Одисеја“ е песна на мојот живот

Next Post
Лео Мартин: „Одисеја“ е песна на мојот живот

Лео Мартин: „Одисеја“ е песна на мојот живот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 486

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk