• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Испуштањето вода од Охридското Езеро му нанесува огромни штети на живиот свет

декември 14, 2024
in Актуелно
Испуштањето вода од Охридското Езеро му нанесува огромни штети на живиот свет

Повремените врнежи од дожд изминатава недела придонесоа нивото на Охридското Езеро да се искачи само неколку сантиметри над дозволениот минимум, меѓутоа цел месец претходно беше под тоа ниво. експертите сметаат дека причина за ваквата состојба е искористувањето на езерската вода за производство на електрична енергија, атак кој мора да прекине, бидејќи остава далекусежни последици врз целиот екосистем.

Иако Охридското Езеро егзистира повеќе од 2 милиони години и е на врвот на Светската листа по богатството на видови, особено на ендемични, луѓето врз него вршат засилен антропоген притисок покрај сето она што му се случува поради неповолните хидролошки услови. Користењето на езерото како акумулација предизвикува интензивни осцилации на неговото ниво, особено на крајбрежниот појас и му нанесува огромни штети на живиот свет.

„Сето тоа предизвикува стресни моменти за животинската и растителната заедница на Охридското Езеро. Предизвикува промени во нивните животни циклуси, начинот на живот, начинот на исхрана, начинот на раст, развој и размножување. Несомнено би можело да доведе и до изумирање на одреден број на растителни и животински видови“, изјави д-р Орхидеја Тасевска – директор на Хидробиолошки завод Охрид.

Годинава имаше потпросечни врнежи, а годините наназад отсуствуваше и снегот, но тоа не е главната причина за драстичното намалување на езерското ниво, велат од УХМР.

„Секако тука е присутно вештачкото влијание врз него преку менаџирањето и управувањето со водите од езерото преку двете регулации во Струга. Така што во голем дел состојбите по однос на водостојот и водите во езерото се наметнати од друг вештачки диктиран режим на испуштање и контролирање на водата во езерото“, изјави Атанас Угрински-раководител на одделение-УХМР.

Со децении наназад испустот кај Дрим се регулира со талпи што е недозволиво за езеро со уникатна вредност кое е под заштита на УНЕСКО. Поради тоа експертите бараат што поскоро да се постави софистициран систем за испуштање на водата.

Извор: www.mrt.com.mk

Сашо Нелоски.

Посетеност: 228
Share
Previous Post

Почетокот на секоја мудрост е да не се каеш за ништо

Next Post

Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“

Next Post
Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“

Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 228

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk