• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Ковачевски – Мишел: Северна Македонија припаѓа во ЕУ, да се искористи оваа неповторлива шанса за продолжување на европскиот пат

август 28, 2023
in Тикер
Ковачевски – Мишел: Северна Македонија припаѓа во ЕУ, да се искористи оваа неповторлива шанса за продолжување на европскиот пат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на посетата на Република Словенија, каде учествува на Бледскиот стратешки форум, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На средбата на која присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, се разговараше за актуелните политички случувања во Северна Македонија, во фокус на успешното отпочнување на процесот на уставните промени во Собранието.

Посветеноста и поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Северна Македонија е исклучително важна во дадениот момент, за што е јасно упатена пораката од страна на ЕУ, за важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени, за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата.

Двајцата соговорници се согласија дека уставните измени претставуваат единствена и неповторлива шанса за напредокот и просперитетот на Северна Македонија во рамки на ЕУ. Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан, а особено во делот на економски развој како на земјата, така и на регионот.

Воедно, беше потенцирано дека посветеноста и забрзувањето на реформите е клучно за зголемена поддршка од ЕУ во однос на претпристапните средства за земјите од Западен Балкан.

Публицитет.мк 

Посетеност: 121
Share
Previous Post

Четкар со турнеја во Јужна Кореја и концерт на Јарасум Џез Фестивал

Next Post

Со врачување на наградите на Урошевиќ, Башевски и Бредли свечено се завршија „Струшките вечери на поезијата“

Next Post
Со врачување на наградите на Урошевиќ, Башевски и Бредли свечено се завршија  „Струшките вечери на поезијата“

Со врачување на наградите на Урошевиќ, Башевски и Бредли свечено се завршија „Струшките вечери на поезијата“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 121

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk